прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
вторник, 28 април 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија

Мексиканскиот грип демне

Македонија се подготвува за евентуална пандемија, од што стравува Светската здравствена организација (СЗО), иако нема ниту еден случај на мексикански грип



Македонија вчера ги засили превентивните мерки против свинскиот грип, откако светот е на чекор да прогласи пандемија на ова заразно заболување, кое од Мексико се прошири во Шпанија. Од вчера е забранет увозот на живи свињи, а на аеродромите се вршат специјални прегледи на патниците што доаѓаат од подрачја зафатени од болеста. Засега има препорака, а не забрана, за патување во ризичните земји. Цариниците и полицајците на скопскиот аеродром се на готовс - заштитени со маски и ракавици вршат засилен надзор на патниците, кои ги контролира и медицинска екипа, во соработка со комисиите при министерствата за здравство и за транспорт. Задолжителни анкетни разговори ќе се вршат со патниците што доаѓаат од Северна и Јужна Америка.

- Ќе ги прашуваме дали биле во контакт со заболено лице, дали престојувале на фарми каде што има заболени свињи и слично. Врз основа на нивната клиничка слика ќе се преземаат соодветни мерки - изјави вчера Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Таа нагласи дека Македонија треба да се подготви за евентуална пандемија, од што стравува Светската здравствена организација (СЗО), иако нема ниту еден случај на свински грип.

- Ако вирусот почне да се шири и на други континенти, СЗО треба да прогласи четврти степен на тревога. Прогласен е трет степен, иако до денеска напладне немаше потврда за ширење на вирусот во Европа - нагласи Костовска. Најмалку под десетдневен надзор ќе бидат ставени сите што престојувале во земји каде што има заболени од смртоносниот вирус, а оној што има симптоми, кои се исти со сезонскиот грип, со Брза помош ќе биде транспортиран до Клиниката за инфективни болести. Оваа установа тврди дека е подготвена за прием и лекување на заразени лица. Вработените вчера носеа маски на лицата, а заострен е и режимот за посета на болните.

- Станува збор за природен биотерорист за кој ниту еден човечки организам нема имунитет, а геномот на овој нов вирус е мешавина од птичјиот, свинскиот и човечкиот грип. Вирусите што настануваат по природен пат се многу поопасни од тие што можат да се создадат во лабораторија. За разлика од птичјиот, свинскиот грип се шири многу побрзо, а опасно е тоа што се шири од човек на човек - изјави вчера Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни болести. Тој тврди дека има доволно и болнички легла и лек „тамифлу“.

Микробиолозите нагласуваат дека луѓето немаат имунитет, бидејќи првпат се појавува ваков вирус. Имунолошкиот одговор може да се провоцира со вакцина, која засега ја нема, или со прележување на болеста. Опасно е што станува збор за нов микроорганизам, кој го напаѓа човекот. Многубројната делегација што престојуваше во САД, на чело со вицепремиерот Зоран Ставревски и министерот за финансии Трајко Славевски, која денеска се враќа во земјата, нема да биде во карантин, туку под засилен епидемиолошки надзор.

Месото во продажба - безбедно

Ќе ги зголемиме контролите на ветеринарните гранични инспекции за да се спречи евентуална појава на свинскиот грип. Ја следиме ситуацијата, а ќе се придржуваме и на евентуалните препораки од Европската комисија. Месото што е во продажба е безбедно за употреба, рече министерот за земјоделство, Ацо Спасеноски.

Според Дејан Рунтевски, директор на Ветеринарната управа, вирусот на свински грип може да се пренесе само преку живи свињи или луѓе. Забраната за увоз, како што додаде, ќе важи додека има потреба од тоа. Во месарниците во Скопје велат дека не е намален интересот за купување свинско месо. Нема опасност од зараза преку јадењето ако месото е зготвено на температура повисока од 70 степени. (В.Ц.)


Патниците на скопскиот аеродром, особено тие што доаѓаат од ризичните земји, ги контролира медицинска екипа

Не е забранет пат преку Атлантикот

Нема забрана за патување во земјите каде има свински грип, не го забрануваат ниту европските земји. Но препорачуваме оние што немаат итна потреба, да не патуваат во земјите каде што се регистрирани болни од свински грип, изјави вчера Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Седуммина Македонци неодамна извадиле визи за Мексико

Седум мексикански визи за македонски државјани биле издадени во изминатите два месеци со важност од шест месеци и една година, соопшти за Макфакс претставник на амбасадата на Мексико во Белград, која ја покрива и Македонија.Амбасадата нема информации дали лицата од Македонија што добиле визи се во Мексико или се' уште не отпатувале во оваа, сега ризична, земја.Во Министерството за надворешни работи во Скопје немаа официјални податоци за бројот на македонските граѓани во Мексико.

Љубица Балабан
Фото:Чедомир Ненковиќ



#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт