барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Култура
Спорт
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
22°C
Моментални услови
Делумно облачно
Прогноза
Сабота
Ведро
Мин: 7°C, Макс: 23°C
Недела
Локални грмотевици
Мин: 6°C, Макс: 22°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Хроника
Датум: 27.01.2013, 14:27

МВР ПРОМОВИРА НОВА АПЛИKАЦИЈА ЗА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ

На мобилни ќе вежбаат полагање возачки испит

Целта на новиот начин на полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит не е да се намали бројот на положени кандидати, туку објективно да се оценува знаењето, рече министерката Гордана Јанкулоска

Сите кандидати за возачка дозвола отсега на своите мобилни телефони ќе можат секојдневно да го тестираат своето знаење и да решаваат електронски тестови за возачки испит. Вчера МВР и АМСМ ја промовираа првата апликација за мобилни телефони со симулаторот за возачки испит.

Апликацијата ги содржи сите функционалности што ги има електронскиот систем за полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит и со неа кандидатот има можност во секое време да одговори на прашањата.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека оваа апликација ќе им биде од голема помош на оние што треба да го полагаат возачкиот испит.

- Со воведувањето на новиот начин на полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит нашата цел не е да се намали бројот на положени кандидати, туку објективно да се оценува знаењето. Она што на некој начин беше правило во минатото - да се фотокопираат тестови и да се учат прашањата напамет, сега е многу малку веројатно, речиси невозможно со оглед на бројот на комбинации на прашања што се генерираат од една заедничка база - рече Јанкулоска.

За разлика од порано, кога бројот на положени кандидати бил околу 85 отсто, со воведувањето на електронскиот систем на полагање тој број се движи околу 55 проценти. Тоа, според Јанкулоска, покажува дека се зголемил квалитетот на познавање на безбедносните правила и прописи, односно на улиците ќе излезат подобро подготвени возачи.

Податоците покажуваат дека во 2012 година е намален бројот на сообраќајни незгоди и бројот на жртви. Така, за разлика од 2011 година, бројот на сообраќајки е намален за 8 отсто, а бројот на жртви за 23 отсто.

Електронските тестови беа воведени кон крајот на минатата година, а првите резултати уште тогаш покажаа дека помалку од половина кандидати ги положиле. Тоа всушност е потврда дека при претходниот начин, кога имаше писмено полагање, се правеле манипулации, од препишување, па с` до фотокопирање на тестовите.

Од МВР велат дека досега во новиот систем, во првата фаза се внесени 842 испитни прашања на македонски и на албански јазик со графика и со реални состојби во сообраќајни ситуации и површини, кружни раскрсници, тунели, надвозници, а се планира да се внесат уште двапати по 400 испитни прашања.

Постапката на полагање електронски тест е така што кандидатот ќе дојде на тестирање, ќе биде евидентиран од испитната комисија, а членовите на комисијата ќе го активираат неговиот кориснички профил. Потоа системот генерира корисничко име и лозинка за пристап, кое е единствено за секој кандидат и се најавува на системот само од строго определен и нумериран компјутер од испитното место што го одредува испитната комисија.

#



Останати вести
Прво извештај, па одлука на Владата за пожарот во „Пошта“
Украдени иконите на Дичо Зограф од црква во Долно Мелничани
Подметнат пожар во „бмв“ во Kондово

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
periferna rabota, 28.01.2013 10:06:55
MVR prodolzuva da se bavi so toa sto ne mu e primarna zadaca. Od pozornikarite na skopskite ulici nema ni trag ni glas. Sistemot za video nadzor ne e kompletiran ni staven vo funkcija. Ako se obidete da se javite na 192 (moze i zivotot da vi e vo opasnost - seedno), nema da vi dignat slusalka 15 min. Arno ama, za implementacija na vakvi periferni raboti - prvi sme.
 
Најнови вести
За култот на личноста некогаш и сега
Бројки и факти за иселувањето и наталитетот (2)
Заев води на анкетите за лидер на СДСМ
Убиство во Сарај, усмртениот застрелан со неколку куршуми
Национализмот го прекина финалето на Купот на Македонија
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тензичната атмосфера на Филип Втори

Две децении на Хашкиот трибунал
Грчки европратеник гласал за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ
И Бајерн и Борусија се победници во економска смисла

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->