барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Македонија
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Спорт
Омнибус
Сцена
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
19°C
Моментални услови
Ведро
Прогноза
Четврток
Сончево
Мин: 18°C, Макс: 36°C
Петок
Ведро
Мин: 21°C, Макс: 36°C
Сабота
Делумно облачно
Мин: 18°C, Макс: 34°C
Недела
Делумно облачно
Мин: 18°C, Макс: 33°C
Понеделник
Делумно облачно
Мин: 17°C, Макс: 32°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.66
 USD  46.68
 GBP  72.51
 CHF  49.74





Во фокусот
Датум: 14.01.2013, 17:44

KАНДИДАТУРИТЕ НА АРИФИ И БЕЈТА СИГУРЕН ЗНАK ЗА ВЛАДИНО ПРОВЕТРУВАЊЕ

Реконструкција ќе има, рокади на ресори неизвесни

Човечки е да се повлечам од функцијата. Без оглед дали ќе добијам или изгубам на изборите, не се враќам на министерската функција бидејќи ги почитувам демократијата и волјата на граѓаните. Сметам дека ова ќе биде и партиски став, вели министерот за локална самоуправа Невзат Бејта

Номинациите за градоначалници на вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и на министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта неминовно ќе значат реконструкција на Владата на Никола Груевски, но не и трампа на ресори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, вели висок функционер од партијата на Али Ахмети.

С` уште нема партиска одлука дали Арифи и Бејта ќе се повлечат од функциите по официјализирањето на кандидатурите, а лидерот Ахмети с` уште ги крие и новите партиски адути за двете министерства. Според функционерот, владините партнери Груевски и Ахмети не разговарале за реконструкција и за евентуална промена на некои од ресорите, но не се исклучува токму тоа да биде тема на средбата, која може да се одржи неделава.

Од партијата на Груевски вчера не успеавме да добиеме став.

- Ресорите ќе ги задржиме и не верувам дека скоро ќе има трампа на министерства. Во актуелниот мандат имаме важни ресори и тешко дека ќе има размена оти распределбата на министерствата е договорена при формирањето на Владата, а евентуални рокади ќе повлечат пакет измени во пониските ешалони - вели функционерот на ДУИ.

Во партијата одбиваат да ги коментираат шпекулациите дека во евроинтеграциската фотелја на Арифи можно е да седнат пратеничката Ермира Мехмети-Деваја или шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби.

Двајцата кандидати за градоначалници немаат законска обврска да се повлечат од министерските функции, но, според експертите, од етичка гледна точка таквата одлука би била пожелна. Иако технички гледано Арифи ќе може да ја врши функцијата во Владата, прашање е колку ќе има политичка тежина.

Вчера не можевме да добиеме став од вицепремиерката, иако токму Секретаријатот за евроинтеграции е специфичен не само поради важноста и тежината на евроинтеграциските процеси за земјава, туку и поради тоа што Арифи нема заменик кој активно би продолжил да раководи со ресорот. Од кабинетот на Секретаријатот ни одговоријa дека Арифи не сака да коментира додека одлуката за кандидатурата не помине и на Централниот одбор на партијата, закажан за утре.

- Човечки е да се повлечам од функцијата. Без оглед дали ќе добијам или изгубам на изборите, не се враќам на министерската функција, бидејќи ги почитувам демократијата и волјата на граѓаните. Сметам дека ова ќе биде и партиски став - ни изјави министерот за локална самоуправа Невзат Бејта.

Со ова тој потврди дека прашање на време е реконструкцијата на кабинетот на Груевски.

Од друга страна, номинациите на министрите и партиските потпретседатели Арифи и Бејта, во јавноста се толкува како стравување на ДУИ втор пат да не ги загуби Тетово и Гостивар, ако се знае дека на минатите избори партијата на Ахмети не успеа да победи во градовите во Полошко. Номинациите од централно на локално ниво се деградација, особено за Арифи, која Брисел ќе треба да го замени со Тетово.

Наспроти ова, функционерот на ДУИ вели дека не станува збор за девалвирање.

- За ДУИ еднакво битни се процесите на евроинтеграција и на децентрализација - вели функционерот.

Kалкулациите дали ДУИ за Тетово ќе настапи со Арифи, Ахмети ги правеше повеќе од половина година. Дознаваме дека одлуката паднала по консултациите на најтесното партиско раководство. Во ДУИ велат дека не случајно токму за Тетово и за Гостивар ДУИ на изборите оди со првиот ешалон. Бејта повторно ја добил партиската доверба да се кандидира за Гостивар по пресметките дека на изборите во 2011 година Руфи Османи како носител на листа изгубил во Гостивар.

Мариела ТраЈковска

#



Останати вести
Партискиот совет на СДСМ од Охрид против бојкотот
Опозицијата ќе протестира секоја вечер во друг град
Ги бојкотираат изборите, ама се рекламираат за градоначалници
Македонија ќе прати дипломат во Даблин
Во Австралија без амбасадор до јуни
Пратеник на Самарас ќе бара строги контроли на македонски организации

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
 
Најнови вести
СДСМ го одби предлогот на Груевски за консензус
САД сакаат дебата во Скопје, молчат за Атина
Бугарија поблиска со Грција отколку со Македонија
СДСМ го одби предлогот на Груевски за консензус
САД сакаат дебата во Скопје, молчат за Атина
Илегалци од Африка имаат засолниште во Лојане

Големи зборови на Бранденбуршката порта
Франција - следното проблематично дете во Европа?
Шрамајер: Решение е да се признае уставното име Република Македонија

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->