|
Дебарската полиција пронајде 25 икони Дваесет и пет вредни икони пронашла полицијата од Дебар во петокот кај месноста Жичен Мост, во атарот на дебарското село Спас во близина на македонско-албанската граница.
Иконите биле скриени во четири јутени вреќи и биле оставени на оддалеченост од 300 до 350 метри од напуштен и опожарен автомобил без регистарски таблички. Извршен е увид од истражен судија и од екипа на дебарската полиција. Иконите се испратени на вештачење во МВР во Скопје.
Се претпоставува дека станува збор за икони што неодамна беа украдени од црква во Крушево, а кои преку Албанија, крадците требало да ги прошверцуваат во друга земја.
Засега нема индиции дали крадците се од Македонија или станува збор за странци. Неодамна македонската полиција уапси албански државјани, кои украдоа икони и други вредни предмети од црква во Луково. (В.Т.) |
# |
|
|