Датум:
08.08.2012, 14:44 Одбележана 11 - годишнината од ѕверското убиство на Карпалак

Со панихида за починатите и со положување венци и свежо цвеќе на спомен плочата во месноста Карпалак, се одбележа 11- годишнината од ѕверското убиство на 10-тмината припадници од резервниот состав на АРМ кои учествуваа во одбраната на земјата во конфликтот од 2001 година.
На одбележувањето покрај роднините и пријателите на починатите, венци положија преставници од највисоките држвани органи, генералштабот, преставници на политички партии и здруженија.
- 11 години положуваме цвеќе на банкината од патот, 11 години бараме да се стави барем едно камче на кое поставуваме цвеќе и достојно ќе се потсетиме на нашите убиени другари, и секоја година слушаме исти приказни дека тоа ќе се направи, но засега ништо не е направено. Дури и оваа спомен плоча дасега неколку пати беше скрнавена - вели Ацо Јовановски – Реган, еден од сведоците на овој настан.
Во 2001 година за време на конфликтот во Македонија на ова место од заседа со рачни фрлачи беше нападнат конвој на АРМ а во нападот животот го загубија 10 пропадници на резервниот состав на АРМ.
(З.А.)
# |