прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Актуелно

На одбраната итно и' треба школа за пилоти

Итен и најважен проект на Министерството за одбрана за 2010 година ќе биде основање пилотска школа, рече министерот за одбрана Зоран Коњановски вчера на неформална предновогодишна средба со новинарите. Тој смета дека школата треба да биде државен проект.

- Лично ќе се сметам за неуспешен министер ако не го остварам проектот кој е од голема важност и за АРМ, но и за МВР и за Дирекцијата за заштита и спасување - рече министерот Коњановски.

Тој рече дека Министерството е посветено на намалување на трошоците за да ослободи пари за неопходните набавки за АРМ. Според Коњановски, треба да се набават 70 оклопни транспортери за средниот пешадиски баталјон, кој ќе учествува во операции надвор од Македонија, но таа опрема веднаш ќе биде пратена во мисија. Транспортерите би чинеле меѓу 150 и 200 милиони евра.

Повеќе од 3.000 припадници на АРМ досега покажале интерес за проектот за изградба на станови, а Коњановски очекува наскоро бројот на заинтересираните да се искачи до 4.000. Според проектот, припадниците на АРМ ќе можат да купат стан на кредит по цена од околу 450 евра за квадратен метар.

Меѓу приоритетите во одбраната е и продолжување на модернизацијата и унапредувањето на полигонот „Криволак“. Според Коњановски, загадувањето на полигонот е нула, а така и ќе остане дури и да го користат други армии. Во тек е изработка на еколошка студија за полигонот.

Коњановски информира дека Владата на последната седница го усвоила новиот Закон за служба во АРМ, кој го предвидува концептот на активни резервни сили како решение за статусот на професионалните војници. Веле Крбалковски од Синдикатот на професионалните војници, кои вчера имаа средба со министерот, рече дека синдикатот ги изнел барањата за решавање на статусот на војниците и работи на окрупнување на членството, по што ќе гради стратегија за понатамошно дејствување.

#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт