прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Актуелно

Неизвесен вториот бесплатен скрининг за Даунов синдром

Неизвесно е дали државата ќе плаќа и за вториот задолжителен скрининг на трудниците, со кој во 12-тата недела од бременоста може да се открие Даунов синдром кај плодот и други хромозомски аномалии.

Членовите на Комитетот за безбедно мајчинство изјавија дека ќе бараат ова испитување да биде бесплатно, а ќе бараат и задолжителни лиценци за гинеколозите што вршат дијагностика на аномалии кај плодот.

Од Фондот за здравство тврдат дека сега синиот картон важи за скринингот што се прави во 10. и 30. недела на Институтот за патофизиологија и на Клиниката за гинекологија.

- Испитувањето на ризикот од Даунов синдром е само предлог до Министерството за здравство. За тоа треба софтвер преку кој од податоците од ултразвук и од хормоналното испитување кај трудницата се добива податок дали плодот би можел да има ризик од хромозомски нарушувања. Лабораторијата „Авицена“ го набавила овој софтвер, а за тоа дали скринингот ќе биде бесплатен допрва треба да се изјаснат од Министерството за здравство - вели Бранко Аџигогов, портпарол во Фондот за здравство.

За тоа дали лековите со кои се спречуваат компликации при породување ќе ги плаќа Фондот за здравство, Аџигогов вели:

- За тоа до Управниот одбор на Фондот, предлог дава Комисијата за позитивна листа. За да влезе нов лек, од таа група треба да се исфрлат прво старите лекови. Кога ќе го добиеме предлогот, УО ќе го стави на гласање - вели Аџигогов. (Љ.Б.)

#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт