прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Хроника

Криминалот не спие, ама полицијата дреме

Криминалците никогаш не спијат, но полицајците понекогаш знаат да задремат и тоа на работното место. Попладневната дремка на полицаец од Тетово ќе го чини десет отсто помала плата во наредните три месеци. Толкава казна му одредил Секторот за внатрешна контрола на МВР откако бил пријавен за спиење на работното место. Други двајца негови колеги уморни од борбата со криминалот одлучиле утеха да побараат во чашка алкохол. Грешката им била што и тие како колегата спанко го направиле тоа на работното место. Старешината намирисал дека тие се пијани, па ги пријавил во внатрешна контрола. Казната им била поголема од вредноста на испиениот алкохол, но поминале подобро од колегата што задремал на работа. Двајцата добиле 15 отсто помала плата, но само за еден месец.

Ова се само дел од поинтересните случаи што ги решил Секторот за внатрешна контрола во минатата недела.

- Во изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 16 решенија против 16 вработени во Министерството поради сторени повреди од Колективниот договор на МВР - велат во внатрешна контрола.

Најдрастична казна - отказ добиле двајца полицајци од СВР Скопје, кои неоправдано изостанале од работа три последователни дена.

Деветмина нивни колеги добиле парични казни и тоа за разни прекршоци - возење нерегистрирано возило, дрско обраќање на колегата и слично. За тројцата припадници на единицата „Алфа“, кои осомничен за криминал пикнале во багажникот од автомобилот, поднесено е писмено предупредување, но поведени се постапки и пред Комисијата за отказ и пред Обвинителството, кое треба да одлучи дали ќе ги гони кривично. (А.М.)


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт