барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Култура
Спорт
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
27°C
Моментални услови
Делумно облачно
Прогноза
Недела
Ведро
Мин: 14°C, Макс: 30°C
Понеделник
Сончево
Мин: 12°C, Макс: 30°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Отворена
Датум: 31.08.2011, 19:19

САМИТ НА УНЕСКО

Градење културни мостови за развој

Од првото издание во Охрид во 2003, овие средби станаа незаобиколив настан на кој лидерите ја потврдуваат својата одлучност да ги користат културата, уметноста, наследството како мотори на дијалогот, помирувањето и развојот во регион кој претставува религиозен, етнички и културен мозаик

Шефовите на државите на југоисточна Европа, денеска и утре, во Белград се на 9 самит, коорганизиран од УНЕСКО, на тема „Современа уметност и помирување“. Од првото издание во Охрид во 2003, овие средби станаа незаобиколив настан на кој лидерите ја потврдуваат својата одлучност да ги користат културата, уметноста, наследството како мотори на дијалогот, помирувањето и развојот во регион кој претставува религиозен, етнички и културен мозаик.

УНЕСКО го придружува овој процес од самиот почеток. Народите од ЈЕ ги поврзува неверојатно богато наследство, колепка на европската цивилизација. Една од специфичностите на ова наследство е неговата разновидност. Нашата одговорност е од тоа наследство да направиме тоа да биде навистина споделено и да ги поддржиме сите иницијативи кои одат во таа насока. Повторното градење на мостот во Мостар, урнат во војната во Босна и Херцеговина, е еден од симболите за способноста на културата да изгради единство во разновидност. Обидите за да се направи од културата цемент на заемното разбирање мора да се зголемат. Транснационалните проекти за заедничко впишување во светското културно или природно наследство се еден од ваквите примери, и УНЕСКО безрезервно ги поддржува. Мислам на пример на заедничкиот проект на Босна, Хрватска, Црна Гора и Србија за вклучување во светското културно наследство на средновековните надгробни споменици познати како стеќци, или на проектот во кој е вклучена и Словенија за запишување на Динљрик карст. Културата мораме да ја сфатиме во широка смисла, која не се ограничува само на материјалното или нематеријалното наследство. Мислам на патувачки изложби, на размени меѓу музеи, организирање прекугранични настани и фестивали, на симболични места како што се познатите мостови, за да се осветлат заедничките патешествија на народите и да се избегне секој народ за себе да ја чува својата историја. Мора да исправиме многу посолидни мостови низ регионот надвор од политичките кругови, меѓу уметниците, интелектуалците, професорите, кураторите и да ги направиме младите почувствителни кон важноста на валоризација на наследството, секако како извор на националната гордост, но пред с` како елемент на заедничкото наследство.

Паралелно е важно културата да добие поголема тежина во политиките за економски и социјален траен развој. Тоа беше целта веќе во 2003 г. Поради стабилноста на регионот, ние денеска мора да ги удвоиме напорите. Модерната уметност, младинските уметнички мрежи, медиумите, културните индустрии, културниот туризам се двигатели на економскиот раст, тие можат да помогнат да се создадат нови работни места и извори на приход. УНЕСКО сака да ги поттикне државите во регионот колективно и масовно да вложуваат во овие области, преку поддршка за интелектуални кругови, придружување на млади таленти, уметници, поети, архитекти, музичари низ регионот. Центрите на извонредност етаблирани од страна на УНЕСКО ќе го поддржат овој заеднички напор, како во Софија за нематеријалното наследство, во Задар за подводното наследство, во Скопје за дигитализацијата на наследството, во Тирана за конзервација на спомениците. Проектите се многубројни, предизвикот се состои во тоа да им се даде поголема важност и кохерентност на регионално ниво. Затоа и одлучив да лансирам една голема иницијатива: „Културата - мост за развој“, чија цел е да се поврзат интелектуалците, креаторите, културните професионалци од целиот регион за да им се помогне заедно да инвестираат во проектите за урбан, економски и социјален развој. Принципот беше потврден во Белград во јуни од министрите за култура на регионот. Ги повикувам сите културни институции, уметници, професори, кустоси, историчари да ни се придружат во овој напор.

Ако успееме, ќе можеме овој модел на соработка да го прошириме на други места во светот. Менаџирањето на културната разновидност и потрагата по нови модели на развој се универзални преокупации. Уверена сум дека земјите во ЈЕ, преку промените на нивното блиско минато, имаат уникатно искуство да споделат со сите кои минуваат низ огромни демократски и економски мутации. Повеќе од годишна средба, самитот што ќе се отвори денеска треба да биде прилика да ја покажеме нашата заедничка решеност да го претвориме ова убедување во реалност.

Ирина БОКОВА

(Авторката е генерален директор на УНЕСКО)

#



Останати вести
За мерењето и сечењето
Културни војни во Македонија
Шврговски да го покани Ахмети на кафе
Струшки да станат светски друшки

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
 
Најнови вести

Папата Франциско: Единство наместо еднообразност
Крај на ситните евро-монети?
„Празните гнезда“- иднина на Македонија?

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->