барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Култура
Спорт
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
11°C
Моментални услови
Ведро
Прогноза
Недела
Сончево
Мин: 14°C, Макс: 31°C
Понеделник
Сончево
Мин: 15°C, Макс: 30°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Спорт
Датум: 25.07.2007, 16:41

Вардар по грешка на тапет кај ФИФА поради Адо

Ганецот Даниел Адо одамна си замина од Вардар, а „црвено-црните“ уште ја плаќаат грешката со ангажирањето на помпезно најавуваното засилување, што не одигра ниту една минута за клубот. Двете страни имаа спор што стаса до ФИФА, бидејќи Адо побаруваше од скопјани околу 10 илјади евра.

Во меѓувреме, недоразбирањата беа надминати со меѓусебна спогодба и Адо потпишал документ, во кој стои дека клубот не му должи ништо, но заборавил да ја информира светската куќа на фудбалот.

Од ФИФА продолжиле да го третираат случајот и донеле одлука „црвено-црните“ да му ги исплатат парите на црномурниот играч во рок од 30 дена.

Правниот галиматијас ќе го чини Вардар дополнителни 500 швајцарски франци за да се обжали одлуката на ФИФА, а адут ќе биде документот со потпис на Адо. Ганецот беше голема фудбалска инвестиција на поранешниот претседател Борче Ристевски, а требаше да го плаќа неговиот лут противник Слободан Вујчиќ.

Вчера попладне, фудбалерот на Победа Душан Савиќ потпиша двегодишен договор со Вардар, а денеска ќе се појави на тренинг со новите соиграчи. „Црвено-црните“ го очекуваа и Гоце Толески како засилување во врвот на нападот. Со нив, Вардар ќе биде помоќен во офанзивата, дел од играта каде скопјани беа „тенки“. За место на позициите најблиску до противничкиот гол досега тренерот Драги Канатларовски можеше да смета на Бурхан Емрулаху, Христијан Кировски, Јован Костовски и Филип Петров. Петров, кој е син на некогашниот напаѓач на Вардар, Тетекс, Хајдук и шпански Бургос, Мирко Петров, деновиве треба да потпише професионален договор со матичниот клуб. Филип е еден од најталентираните играч од младинскиот погон, заедно со Оливер Пеев, Костовски, Музафер Ејупи и Филип Спасески.

(З.П.)

#



Останати вести
Болтон го купи Вилхелмсон
Барем да се избегне дното
Амбициите исти, играчите нови
Еди Меркс: Крај на велосипедизмот
Во Милан и брат му на Кака
Бонавентур Калу замина во Ланс
Динамо Загреб едвај во второто коло
Киву за помала плата во Интер
Лоренцо потпиша за Јамаха
Ливерпул го претстави „Стенли парк“
Ловци на вампири
Лоренс Френк ја обнови соработката со Нетс
Мурсија го ангажира голманот Карини
Нема информации за други судии-местачи
Наполи му понуди најдобри услови на Гаргано
Немаа решение за зоната и за Пачулија
Перу назначи нов селектор
Собрание до крајот на годината
Радуловиќ потпишува за Подравка
Саного замена за Клосе во Вердер
Тур де срам за Винокуров
Фото вест
Трансферот на Марица тежи осум милиони евра
Фрингс ги скина лигаментите
Шампионот Алонсо ќе може да замине од Мекларен?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
 
Најнови вести

Меркел во приватна аудиенција кај папата Франциско
Жерновски почна со ревизија на „Скопје 2014“
Паѓа кредитниот рејтинг на Словенија

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->