барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Региони
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Спорт
Омнибус
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
24°C
Моментални услови
Делумно облачно
Прогноза
Четврток
Ведро
Мин: 8°C, Макс: 26°C
Петок
Ведро
Мин: 8°C, Макс: 26°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Отворена
Датум: 11.12.2012, 16:23

РУБИК

Бриселско хаику за Македонија

Ноќта падна. Можат да се видат голите гранки. Станува с` посамотно.

Хаику-стиховите на претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј, беа поврзани со неговата потиштеност по неуспешната средба на високо ниво на која требаше да се донесе одлука за буџетот. Сликата на господинот Ван Ромпуј како го држи тешкото Нобелово наследство во Осло потсети на ова негово меланхолично творештво, со кое ги развесели евроскептиците.

Што друго може да му текне на човека додека ни се вртат датуми, сценарија, драфт-заклучоци и креативни решенија и тоа во период кога ни дипломата од Нобеловиот комитет не ќе ја натера ЕУ да верува во охрабрувачките зборови на тројцата лидери што ја примија. Нобеловите лампиони со кои ги накитија голите гранки на Унијата (оние од поемата на Ван Ромпуј) не ќе ги натераат Европејците да бидат помалку меланхолични. За волја на вистината, заклучоците за Македонија би можеле да послужат како инспирација за некоја слична хаику-поема, како онаа на Ван Ромпуј. Дури и креативната драфт-верзија, реално гледано, тешко може да предизвика решавање на долгогодишниот македонско-грчки спор. Kој би можел да верува дека спор што не е решен 17 години, ќе се реши за шест месеци!? И самиот назив - црногорски модел, не асоцира на брзо решавање на спорот.

Во секој случај, верувам дека и креативците од Европската комисија се свесни дека спорот не може да се реши за помалку од шест месеци.

Не е случајно што во пакетот дипломатски умешно го сместиле тоа што е потребно, но и тоа што е вишок: одржување добрососедски односи, вклучувајќи ја и потребата за изнаоѓање решение за името, извештај од Kомисијата што треба да биде подготвен во првата половина од 2013 година, почеток на скрининг-процес за отворање на поглавјата 23 и 24, грчкиот Предлог-меморандум за разбирање, итн. Едноставно, уште при подготовка на драфт-верзијата е предвидено во процесот на преговори дел од текстот да остане, а вишокот да си оди. Така и Грција би можела пред домашната јавност да демонстрира делумна победа, слично како што се фалеа дека еврокомесарката Мариа Даманаки демек успеала да интервенира придавката „македонски“ да ја нема на повеќе места во извештајот за Македонија, туку само на две!

Зарем ако Грција даде зелено светло за скрининг што нема да се вика скрининг и за работни групи за преговори, кои нема да смеат да се именуваат како преговарачки тимови, не ќе подразбира исполнување на зборовите на портпаролот на грчкото МНР дека нема да се сложат Македонија да ги почне преговорите без да се реши името? Оти, како што објави грчка „Та неа“, ова е период во кој Атина не може да си дозволи да се судри со европските партнери, кои го губат трпението.

Навистина, временската рамка за решавање на спорот за шест месеци, како услов за почеток на преговорите во јуни, не е толку проблематична за Грција, која е во удобна позиција. Предлогот би бил повеќе проблем за Македонија, со оглед на тоа дека ќе се мултиплицира притисокот, не само однадвор туку и однатре - преку албанскиот фактор. Без балансиран притисок од Европа и од САД врз Атина и врз Скопје, црногорското сценарио лесно може да заврши како неуспешен референдум за името и изблик на албанско незадоволство.

Ако с` уште остане грчкиот услов - решавање на спорот за името, и тоа преку име со географска одредница за севкупна употреба, тогаш ќе ја рецитираме меланхоличната творба на претседателот на Европската унија. Ни требаат повеќе од шест месеци за да може да се промени размислувањето на Димитрис Аврамопулос, кој ни ја повторува стихотворбата дека НАТО, па и ЕУ, не наликува на отворена домашна забава. Па потоа, се покажува дека на многу пониско ниво, на пример, на амбасадорско, слепо го следат советот на својот шеф за тоа дека забавите не треба да бидат отворени за секого.

Факторот време, без омекнување на Грција под притисок на меѓународниот фактор, не ќе ни биде од помош за да најдеме чаре на европскиот пат.

Еве, да ги искористам стиховите на Ван Ромпуј:

Животот е пловење по морето од време, но само морето останува.

Ивана КОСТОВСКА

 

#



Останати вести
Прирачник за луди и збунети
Нападите врз концесионерот на Охридско се неосновани
Ноќите на свети Ѓорѓија
Собраниски блокади без мера

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
велешанец 2, 12.12.2012 08:43:44
Целиот напис е сведува на едно : нема влез во ЕУ додека ГР умешно го користи принципот на консензус. ТОЧКА.
Simona, 12.12.2012 12:41:50
Srce si:) 3
 
Најнови вести
Уставен суд пресече - Исклучените ќе мора да плаќаат за парно
Национализмот го прекина финалето на Купот на Македонија
Владина делегација во посета на Казахстан
Неизвесен крајот на потрагата по исчезнатото девојче
Убиство во Сарај, усмртениот застрелан со неколку куршуми
Македонците сe повеќе умираат, сe помалку се раѓаат

Резолуцијата усвоена, добивањето датум- неизвесно
Германија е најпопуларна држава во светот во анкета на Би-Би-Си
Лагард сослушана за финансиска афера

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->