прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

Почнува „ Арт генератор “ во Штип

Со видеопрограма на автори од Македонија, Бугарија и од Албанија, вечерва во 20 часот, во Безистен во Штип, ќе почне фестивалот на урбани уметности „Арт генератор“. Второто издание на фестивалот, кој го организира Центарот за изведувачки уметности „Мултимедија“ од Скопје, ќе трае четири дена.

„Арт генератор“ е место за дијалог на заедниците од Балканот и ја истакнува уметноста како медиум на соочување, комуникација и влијание врз општествените и социјалните прашања. Во рамкит на фестивалот ќе има разни уметнички содржини од филмот, перформансот, музиката, како и отворени и јавни инсталации, работилници и предавања.

Темата на фестивалот е „Манифест на тркала: Хијазма на уметничката мобилност“.

Ќе бидат претставени видеопродукции од Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Полска, Албанија, Турција, Бугарија и од нашата земја, ќе настапи „Алек Пејовски трио“, а ќе има две интерактивни работилници. Проектот е помогнат од Министерството за култура, „Про Хелвеција“, Агенција за млади и за спорт.


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт