прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Економија

Продолжениот викенд го наполни Охрид

Прв пат, оваа летна сезона, вчера во Охрид се почувствува вистински туристички метеж. Продолжениот празничен викенд, Охридскиот пиво-фест и големиот број забавни манифестации што се организираат деновиве привлекоа голем број посетители во нашиот најголем туристички центар. Туристите во организирани групи и индивидуално почнаа да пристигнуваат во Охрид вчера, уште од раните утрински часови, а уште поголем број се очекува да пристигнат денеска и утре.

Полни кафулиња, сообраќаен метеж и начичкани плажи беше она што оваа туристичка сезона му фалеше на Охрид. Охридските туристички работници, угостители и приватни станоиздавачи тријат раце и се надеваат дека продолжениот празничен викенд ќе донесе задоволителна заработка.

- Гостите се претежно млади, а тоа се должи на забавите што се организираат. Речиси сите ги сместуваме со претходна резервација. Според метеоролошките најави, наредните 15-ина дена ќе бидат сончеви и стабилни. Очекуваме дека посетеноста на Охрид ќе се приближи на претходните летни сезони, кога градот беше преполн со туристи - велат приватните станоиздавачи.

Покрај продолжениот празничен викенд, за зголемена посетеност на градот ќе придонесе и Охридскиот пиво-фест, кој годинава се одржува прв пат. Пивската треска, по долги најавувања, вчера и официјално ги раздрма охриѓани и нивните гости, а Охрид им се придружи на градовите што го слават пивото.

Првиот дел од програма на Пиво-фестот почна вчера, на стадионот „Билјанини Извори“, а ќе трае до 1 август. Организаторот „Герила маркет“ покрај тоа што обезбеди бесплатен влез за посетителите, обезбеди и посебни шанкови и штандови, а посетителите ќе имаат можност да пробаат приближно 50 домашни и странски пива, по специјални цени, како и различни видови храна. (Е.Е.)


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт