(ВИДЕО) ЦЕРН: Ја имаме! - Откриена „Божјата честичка“
Во атмосфера како на рок концерт, во преполна сала со научници и љубопитни истражувачи од целиот свет денеска во ЦЕРН (Европскиот центар за нуклеарни истражувања) беше соопштено дека конечно, по 30 години истражувања, е откриена субатомската честичка Хигсов бозон, а за која се верува дека е клучна за формирањето на ѕвездите, планетите и животот.
Гигантскиот хадронски акцелератор заврши работа
Портпаролот на ЦЕРН, Џо Инкандела изјави дека резулатите на двата тима што учествуваа во потрагата по божјата честичка се прелиминарни, но со голема проценутална сигурност. Научниците велат дека резултатите со 5 сигма точност значат дека се 99,995 проценти во пронаоѓањето на новата честичка.
- Ова навистина за нас е нова честичка. Знаеме дека е бозон и дека е најтешкиот бозон пронајден досега. Отчитувањата се многу значајни и токму затоа мора да бидеме екстремно внимателни во сите проучувања и проверки - изјави Инкандела.
До резултатите во истражувањата е дојдено благодарение на гигантскиот акцелератор, кој се наоѓа на 100 метри под земјата, долг е 27 километри и се простира на територијата на Франција и Швајцарија.
Пат кон разрешување на мистериите на универзумот
Научниците од ЦЕРН велат дека стигнале до клучната точка во обидот да ги разберат законите на природата. Откривањето на честичката што е конзистентна со Хигсовиот бозон е само почеток на пошироко проучување кое треба да ја утврди особината на новата честичка и најверојатно ќе го осветли патот кон разрешувањето на другите мистерии поврзани со нашиот универзум.
На конференцијата беше присутен и осумдесет и тригодишниот британски истражувач Питер Хигс, по чие име се наречени честичките кои тој почнал да ги истражува уште во шеесеттите години од минатиот век.
Британскиот научник Питер Хигс доживеа да го дочека откритието по кое трагаше повеќе од три децении
- Вчудоневиден сум со која брзина се дојде до резултати. Ова е сведоштво за експертизата на истражувачите и елаборативните технологии што се на располагање. Искрено не очекував ова да се случи додека сум жив, па затоа ги замолив моите најблиски да го стават шампањското во фрижидер – изјави Питер Хигс, кој пушти солзи за време на презентацијата.
И Ролф Хојер, генералниот директор на ЦЕРН, го потврди откритието, но истакна дека се потребни дополнителни проучувања.
Разбирање на стандардната теорија за вселената
Со овие честички би можела да се докаже стандардната теорија за вселената, развиена во 1970 година. Актуелното разбирање на физиката на честичките се потпира на стандардниот модел, развиен во седумдесеттите години од минатиот век, кој успешно ги опишува честичките познати во тоа време како и односите помеѓу нив. Стандардниот модел исто така предвидува постоење честички кои дотогаш не биле пронајдени како што се б-кварк, т-кварк и тау-неутрон.
Стандардниот модел исто така предвидува и постоење на хигс бозон, честичка што теортеска брзина на енергијата би била над брзината која луѓето може да ја постигнат во акцелератор на честички пред пуштањето на употреба на ЛХЦ-колајдерот. Доколку научниците не ја пронајдеа таканаречената божја честичка, тоа би значело дека постојат фундаментални грешки во стандардниот модел и со тоа би била потребна нова теорија на физиката за честичките која би објаснила зашто истите имаат маса. Откритието на оваа честичка од друга страна е конечна потврда на научниците дека стандардниот модел точно го опишува светот што не опкружува.
Честичка што исчезнува
Честичката многу тешко може да се забележи, поради тоа што не опстојува долго време. Еднаш кога се формира, се распаѓа во флуксови од енергија нешто како распрснувањето на шрапнел од бомба. Единствениот начин да се дојде до елементарните честички е да судираат други типови честички (протони) при фантастични енергии и да се согледуваат резултатите од ударите, преку огромни магнети кои создаваат огромна магнетна енергија во ранг од 1 до 3 тесли, при што е можно да се следи како се однесуваат честичките.
Проблемот е што при тие удари и неверојатни енергии, постои огромен шум на енергиите од други честици, така што да се дојде до состојба да се чуе токму Хигсовиот бозон потребно е да се елиминираат сите тие дополнителни сигнали: според тоа, потребно е да се судираат честички илјадници милиони пати, безброј пати, за да се чуе тој мал енергетски сигнал каде што постои честичката хигс.