прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Економија

Бизнисот на удар од државата

Македонските менаџери сметаат дека во вториот квартал од годината екстремно е влошена домашната бизнис-клима во ефикасноста на државната економија, пристапот до државна помош и компаниските достигнувања, продуктивноста, профитабилноста и ликвидноста.

Ова се главните резултати од проектот за истражување и мерење на индексот на деловното опкружување (ИДО), кој во Македонија од годинава го спроведува Конфедерацијата на работодавци на Македонија (КРРМ) во партнерство со Бизнис-алијансата на Словачка (БАС) под проектот „Подобрување на деловното опкружување со трансфер на знаење од Словачка“.

Според Конфедерацијата на работодавци, можни објаснувања за одговорите на менаџерите од вториот квартал се нередовното сервисирање на јавниот долг кон компаниите и неможноста да дојдат до државна помош за време на криза. Како можна причина се наведува и недостигот од инвестиции во нови технологии и процеси за квалитетно производство на домашните компании и со тоа автоматски намалување на профитот кај компаниите.

Во однос на првото истражување во првиот квартал од годината, менаџерите гледаат најголемо влошување на ситуацијата во делот на влијанието на компанијата врз квалитетот на бизнис-средината. Особено во компаниските достигнувања, продуктивноста и профитабилноста, како и намалената ликвидност, приливот на пари и остварување на обврските на компаниите. Менаџерите негативно го оценуваат и својот удел во квалитетот на бизнис-средината поради неостварените развојни планови.

- Постои влошување на резултатите во делот на „условување“ на бизнисот низ корупција и уцени, а влошениот политички дијалог во економската сфера придонесува за реално лошо и бавно спроведување на реформите во економијата - се вели во соопштението од КРРМ.

Околу 70 отсто од менаџерите со оценка -2 го оцениле „Еднаквиот пристап пред законот“. Исто така голем дел од менаџерите сметаат оти „Владината економска политика и достапот до информации“ се влошени. Второ најголемо влошување е кај прашањето за „Достап до финансии“ каде што сите одговори се со негативна вредност од -2 (51 отсто) и -1 (48 отсто).

- Негативниот резултат на ова прашање може да биде поврзано со намалениот достап и зголемениот трошок за финансирање поради економската криза што ја зафати Македонија - посочуваат работодавците.

Според резултатите од истражувањето, лошиот квалитет на инфраструктурата е друга главна пречка за бизнис во Македонија. Околу 70 отсто од испитаниците одговориле со -2 за инфраструктурата, како и во првиот квартал на 2010 година.

Значително влошување на ситуацијата е забележано и во Кредибилноста и финансиската дисциплина на бизнис-партнерите. Во оваа област важно е да се напомене и „екстремниот пад“ на вредноста во Ефикасноста на државната економија и пристапот до државна помош.

Прашалникот бил испратен до 280 компании и 5 асоцијации, а одговориле 54 компании, 3 асоцијации и една општина. Податоците биле собирани во период од 4 недели. Индексот е направен од одговорите на анкетираните менаџери на 33 прашања, поделени во 3 блока: легислатива, макроекономски фактори и компании. Незначителен процент од 33 прашања биле оценети од менаџерите како подобрување, а поголемиот дел од одговорите биле за влошување на состојбите во македонската бизнис-клима.

Горан Ризаов


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт