Датум:
18.07.2008, 16:52 Фотографска изложба воЕлшани
Изложба на фотографии од Мишо Јузмески ќе биде отворена вечерва во 20.30 часот во Фотогалеријата во охридското село Елшани. Ќе бидат претставени 80 фотографии инспирирани од културното и природното наследство на Македонија, старите занаети, животот на село, разните аспекти на човековото живеење. Станува збор за прво позначајно претставување на авторот како фотограф, кој и' е познат на јавноста по својата дејност во литературата, како раскажувач, есеист и публицист. Јузмески објавил три книги и други публикации, а свои текстови објавил и во голем број списанија во Македонија и во странство. Изложбата ја поддржа Институтот за традиционални вредности од Охрид и претставува дел од акцијата за приближување на културата до помалите населени места. # |