прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Актуелно

Комарци го окупираа истокот

Голема инвазија од комарци во последниот месец има на територијата на целиот источен регион. Се остварија предвидувањата на стручњаците дека поради климатските промени, дождовите и зголемувањето на површините под ориз, бројот на овие здодевни инсекти и годинава ќе продолжи да се зголемува. Освен во традиционалното жариште - Кочанско, годинава повеќе комарци има и во Штипско, Виничко, Пробиштипско, Светиниколско, па дури и во високиот Малеш, каде. што порано беа ретка појава.

Луѓето се жалат дека навечер поради комарците не можат ниту да прошетаат ниту дома да отворат врата или прозорец. Касале и младо и старо, а најмногу децата. Многумина на прозорците поставуваат заштитни мрежи, а во селата во дворовите палат огнови.

За жал, општините и годинава не презедоа никакви активности за организирана дезинсекција. Земна дезинсекција е тешко успешно да се спроведе. бидејќи само површината на оризиштата сега е околу 4.000 хектари. Но нема ни воздушно прскање против комарците, со исклучок на Свети Николе, каде што деновиве беше спроведено второто авионско запрашување. Светиниколци велат дека до пред две недели поради комарците не можеле да излезат на вечерни прошетки. По првото прскање состојбата била подобрена.

Авионско запрашување во Штип последен пат имаше пред две години. Во Кочани, пак, прскање немало 15 години.

- Можеме да издвоиме пари, но потребна е заедничка, координирана акција на сите општини, бидејќи комарците не познаваат општински меѓи. Ако една општина изврши дезинсекција, набрзо кај неа ќе дојдат комарците од соседните. Повеќето помали општини рекоа дека немаат пари за авионско третирање против комарците - вели градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Во соседната општина Чешиново-Облешево, во која под ориз има околу 1.200 хектари, авионско прскање од 1987 година - кога таму се урна авион при авиозапрашување, досега имало само еднаш. Градоначалникот Јорданчо Лефков вели дека ефектот од таквото запрашување би бил скромен, бидејќи се уништувале само комарците што ќе ги зафати препаратот во моментот. Тие јајцата ги положувале во водата, па по неколку дена комарци пак ќе имало.

Официјална пресметка колку би чинело организирано авиотретирање за целиот регион не е направена, но се проценува дека тоа веројатно би чинело околу сто илјади евра, што и не е така многу за десетина општини. Но за годинава е веќе доцна, бидејќи од летото останаа уште два месеца, а и за успешен ефект првото прскање треба да биде кон крајот на мај.

- Годинава прскавме во десетина македонски општини од другите региони, а од источниот регион, во кој има најмногу комарци, интерес покажа само Свети Николе. Цената на авиозапрашувањето е по околу пет евра од хектар од едно прскање, а најдобро и најефикасно е да има три до четири - вели Никола Петковски, сопственик на светиниколската фирма „Бони ер“, која е единствена во Македонија со регистрирана авиофлота за оваа намена.

За утеха на граѓаните, лекарите велат дека, освен каснувањето, црвенилото по кожата и нервозата, комарците не може да предизвикаат други последици врз здравјето на човекот.

- Точно е дека комарците пренесуваат маларија. Но, во Македонија нема маларија. Одамна е прекинат некогашниот синџир на пренесување од болен човек, преку комарец, до здрав човек - објаснува д-р Велик Грков, директор на Центарот за јавно здравје во Штип.

Љупчо Шатевски


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт