прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Актуелно
Во фокусот
Република
Економија
Отворена
Свет
Еврорама
Хроника
Автомобилизам
Метропола
Фељтон
Култура
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна



















Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Отворена

Колумна

Конзервативците и европската идеја

Да беа Аденауер и Де Гаспери Македонци, во денешно време, како ќе ги опишеа нашите адвокати на Сорос? Среќа што Де Гаспери или Аденауер не живееја во денешна Македонија. Сигурно Героски, Гелевски, Жарко и другарите ќе им држеа лекции за европеизам

Во Македонија многу од идеолошките лончиња одамна се помешани. Границите не се јасни, прелевањата се чести, а програмите флуидни. Уште почесто, имаме отсуство на каква било идеологија, туку прагматизам до ниво на амеби, само во функција трошките и коските од власта. Амебите се како вода - тие секогаш ја заземаат формата на садот што треба да го наполнат. Значи, колку што е проблемот во флуидноста на идеологиите, еднакво е поголем проблемот во отсуството на идеологија. И, во таква „социјална средина“, во таква атмосфера, антивладиниот оркестар си најде нов збор за дисквалификација. Денес е веќе обвинување ако те наречат „конзервативец“. Покрај вообичаените лепенки, во последно време зборот „конзервативно“ за нив веќе стана дисквалификација само по себе.

 Нешто што не треба да го докажуваат или аргументираат. Доволно е да кажат „конзервативец“ или „конзервативна политика“. За нив, тоа е доволно цела програма да биде „аут“. Произведуваат конзервативни бабароги, кои треба да ги плашат луѓето од исправните политички и општествени решенија. За нив, конзервативноста е заостанатост, антимодернизам, речиси екстремизам. И, нормално, 50 пати ќе повторат дека конзервативната гарнитура е неевропска. А тие? Нормално, тие се нај, нај, најевропските, кои секое утро се будат со европската идеја, секоја вечер сонуваат за Европа, а пред секој оброк како „Оче наш“ кажуваат европски „бенчмаркови“.

Но, не е така. Европската идеја е конзервативна идеја. Темелите на Европа ги поставија Конрад Аденауер, Роберт Шуман и Де Гаспери. Во идеолошко-концепциска смисла, што се тие? Конзервативци. Како им се викаат партиите? Едната е ЦДУ (Христијанско-демократската унија од Германија), другата е МРП (Франција), а третата е италијанската Кристијана демократија. Аденауер беше германски поствоен германски канцелар, антифашист и Европеец. Беше лидер на ЦДУ, кој го промовирае помирувањето со Франција. Тој беше еден од тројцата основачи на она што денес го нарекуваме Европска Унија. Демохристијанин, верник, Европеец, кој ја негуваше традицијата и ја обновуваше Германија.

Негов партнер беше Роберт Шуман. Два пати премиер на Франција и министер за надворешни работи. Денес по нивните имиња се нарекуваат многубројни европски институции или плоштади. Зградата на Европската комисија се наоѓа на метро-станицата и плоштадот Шуман. Европската комисија ја води Баросо, конзервативец предложен од Европската народна партија. Шуман во своите говори и пишувања ги препорачувал пишувањата на папата Пие Деветти. Шуман бил посветен верник и експерт за Библијата. Силен независен мислител и храбар политички активист. Бил уапсен, испрашуван од Гестапо и за малку не завршил во логорот Дахау. Во 1942 година се придружил на Движењето на отпорот во окупираната Франција. Во филозофијата, негов урнек бил свети Тома Аквински, а особено ја препорачувал литературата која еднакво ги осудувала фашизмот и комунизмот. Себеси се опишува како демохристијанин и политички конзервативец. Ја внел Франција во НАТО и ги удрил темелите на ЕУ. Читајќи ја неговата биографија, што мислите, ако денес беше жив, како ќе го оценеа денешните македонски либералдемократи и другарите од Сорос? Дали ќе го честеа со вообичаениот репертоар на дисквалификации што се резервирани за конзервативците и демохристијаните?

Италијанскиот архитект на европското обединување беше Алсиде де Гаспери. Тој е основач на Христијанско-демократската партија. За време на студентските денови на универзитетот во Виена го основал Христијанското студентско движење. После тоа е уредник на весникот La Voce Cattolica (Католички глас). Во 1911 година станува пратеник на Народната политичка унија од Трентино, а соработувал со папата Бенедикт Петнаесетти. Ја основа Народната партија на Италија, а од фашистичкиот режим е осуден на затвор во 1927 година. После тоа работи 14 години како каталогист во библиотеката на Ватикан. За време на војната илегално ја основа партијата Democrazia Cristiana, која после тоа 40 години ќе победува на изборите. Останува премиер во текот на 8 години. Ја внел Италија во НАТО, а тој е еден од основачите на денешната ЕУ. Да беше Де Гаспери Македонец, во денешно време, како ќе го опишеа нашите адвокати на Сорос? Сигурно ќе ги добиеше епитетите „црквењак“, „ретрограден“, „теократ“, „конзервативец“... Но, нашите левичари се секогаш силни само кога треба да се удира по македонското. Среќа што Де то Гаспери или Аденауер не живееја во денешна Македонија. Сигурно Героски, Коља Гелевски, Жарко и другарите ќе им држеа лекции за европеизам.

Значи, европската идеја, помеѓу другото, претставува конзервативна идеја. Но, никој нема право на монопол врз европскиот проект. Таа е идеја што ја делат социјалдемократите, либералите, зелените... Истовремено, дел од нашата јавност прави голема грешка кога конзервативизмот го изедначува со антиевропеизам. Тоа го прават поради незнаење или како обична политичка манипулација. Како што видовме погоре, конзервативците се вградени во темелите на Европската Унија. На крајот на краиштата, веќе втор мандат во Европскиот парламент конзервативните и народните партии имаат големо мнозинство. Околу 20 влади во земјите на ЕУ се токму со конзервативна и народна ориентација.

Конзервативизмот значи негување на традициите и почитување на идентитетот. Модернизмот е одличен во новите технологии, но треба да се задржат работите од минатото кои навистина вредат. Семејството, патриотизмот и вербата во Бога не се минливи категории што треба да ги изгориме во името на квазинапредокот. Уништувањето на семејните вредности и националната супстанција не е прогресивност, туку декаденција и деструктивност. Уште еднаш, напредокот е добредојден таму каде што иновациите се корисни. Но, во некои области традицијата е незаменлива. Затоа, убедливото мнозинство македонски граѓани со право го претпочитаат конзервативниот светоглед. Со почит кон секого и со разбирање за тие што имаат поинакви погледи, но љубов кон своето. Така било, така и ќе остане.

Влатко Ѓорчев


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

Понеделник   Вторник
  
 мин-макс      мин-макс
   -7/5             -11/7

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.71
 AUD     39.18
 USD     44.35
 GBP     70,54


 
 
прва страна   контакт