прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Економија

Рекорден број прелети

Македонската контрола на летање М-НАВ во јуни регистрира зголемување на прелетите за 6,2 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на „Евроконтрол“.

Зголемувањето е поголемо и од европскиот просек, кој за јуни изнесува 5,1 отсто. Македонскиот воздушен простор во јуни го прелетаа 13.386 воздухоплови што е апсолутен рекорд за овој период од годината. Од М-НАВ велат дека за само еден месец, во јуни, се надминати негативните ефекти од првата половина од годината поради огромната криза предизвикана од облакот со вулканска прашина и комплетното приземјување на воздушниот сообраќај во период од една седмица во април и значителните редуцирања на летовите во Европа предизвикани од кризата, кои траеја се' до 20 мај, како и последиците од честите штрајкови на контролата на летање во соседна Грција.

Позитивниот тренд од јуни продолжува и во јули во кој според статистиката до 25 овој месец се очекува да се одржи истиот интензитет на зголемување на бројот на прелетите како во јуни. Прогнозите до крајот на годината се дека во нормални услови ќе бидат забележани рекордни резултати во бројот на прелетите на нашето небо.

Операциите со локалниот воздушен сообраќај на аеродромите во Скопје и во Охрид се со двоцифрени процентуални показатели за зголемување.

- Во екот на летната сезона, кога обемот на работа е со најголем интензитет во контролата на летање, а бројот на воздухопловните операции е со три пати зголемен обем во споредба со зимскиот период од годината, сите човечки и технички ресурси работат со максимален капацитет. Критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност во услугите за воздухопловна навигација се одржуваат на највисоко ниво - велат во М-НАВ.

Истовремено домашните експерти во соработка со експертите од „Евроконтрол“ интензивно работат на подготовките на техничките спецификации за идниот нов систем за контрола на летање како и имплементацијата на резервните системи.

Со имплементацијата на новиот систем, која се предвидува да почне по 2012 година, се планира македонската контрола на летање уште повеќе да го подобри квалитетот на услуги како еден од лидерите во регионот од аспект на безбедност и ефикасност.

#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт