прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Актуелно

Груевски: Поминавме тешка година

Изминатава 2009 беше исклучително тешка година за Македонија поради светската економска криза, која се одрази и врз домашната економија, но и поради грчката блокада за НАТО и за ЕУ, оцени премиерот Никола Груевски по денешната посета на Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

- Кризата ги фрли на колена најмоќните држави во светот и тие паднаа економски, побарувачката им опадна, а нормално опаднаа и нарачките за нашите компании што доведе до ослабнување на нашата економија. Од тој аспект правевме се' што можеме за колку-толку да го ублажиме сето тоа, но сепак беше исклучително тешка година можеби и најтешка по 2001 - рече Груевски.

Во однос на европските и евроатлантските овтори декадонија заинтеграции, Груевски повтори дека „го дадовме максимумот за да направиме прогрес и успеавме да добиеме позитивен извештај од ЕУ во кој се кажува дека земјата ги исполни реформите за почеток на преговори, добивме визна либерализација“.

- Не велам дека тоа е идеално или дека не можело подобро, но го дадовме нашиот максимум - додаде Груевски.

На граѓаните им посака во новата година да заврши светската економска криза за, како што вели, државата да се врати на економските политики што дадоа успех во претходните две години.

- Посакувам конечно оваа светска економска криза да замине, иако е очигледно дека тоа ќе оди бавно. Ако замине кај големите држави, ќе замине и од кај нас. Ние знаеме како понатаму затоа што имавме претходно две години, кои со нашите економски политики беа најуспешни во историјата на земјата. Така што тој рецепт што го употребивме тогаш очигледно функционира - рече Груевски.

Запрашан за коментар на изјавата на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски дека очекува СДСМ да се врати на власт во 2010 година, премиерот Груевски рече дека е тоа обид за мотивирање на партиското членство.

- Бранко е многу години во политиката и тој преку овие начини се обидува да го охрабри своето членство, да го мотивира. За тоа го бидува, но не го бидува за работа, кога е на власт да направи нешто, да создаде, да напише прво програма, па да ја исполни - смета Груевски.


Уставниот работи партиски

Во врска со изјавата од претседателот на Уставниот суд дека трпел притисоци, шефот на Владата со став дека тоа е само изговор за, како што вели, да се прикрие политичко-партиски мотивираното одлучување на Судот.

- Уставниот суд донесе катастрофални одлуки во минатата и во претходните години, чисто политичко-партиски мотивирани и тие се свесни за тоа, поради што веројатно имаат грижа на совест. И кога излегуваат пред медиуми се обидуваат тоа да го „исперат“ на некој начин кажувајќи дека имале притисоци. Жалам што поголем дел од судиите во Уставниот суд не само што се поставени партиски туку дејствуваат партиски и и' прават штета на земјата поништувајќи одредби што се за добро на сите граѓани што не се противуставни, но бидејќи тие дигаат два прста во тој момент стануваат противуставни. Жално е што е така - рече премиерот.


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт