барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Култура
Спорт
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
31°C
Моментални услови
Обилни врнежи
Прогноза
Недела
Ведро
Мин: 14°C, Макс: 30°C
Понеделник
Сончево
Мин: 12°C, Макс: 30°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Актуелно
Датум: 30.01.2013, 16:57

Делата на последниот гемиЏиЈа промовирани во Битола

Шатев бил и нашиот прв историограф

Првите два тома од историографски ракописи на Павел Шатев, книгите „Историја на Македонија“ и „Биографија на Борис Сарафов“, вчера беа промовирани во Битола, 69 години по смртта на македонскиот револуционерен деец и гемиџија Павел Шатев (1882-1951). Во превод на публицистот Предраг Димитровски и во редакција на Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив на Македонија, книгите содржат дел од 30-те ракописи што Милка Шатева, ќерката на починатиот гемиџија, му ги предала на Димитровски.

До крајот на годината се очекува да бидат објавени осум книги од ракописите на Шатев. Во првиот објавен том е опфатен периодот на македонската држава од древноста до денес.

Вториот том фрла поинаква светлина врз ликот на револуционерот Борис Сарафов.

- Во македонските историски трудови Сарафов е претставен како офицер на бугарската армија и врховист. Ракописите за него Шатев ги напишал додека бил во затворот во Ќустендил, во 1944 година. Го вброил меѓу најзначајните револуционерни личности во развојот на македонското национално движење, заедно со Даме Груев, Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Напишал дека на моменти имало несогласувања меѓу нив, но тие не се должеле на идејни, туку на карактерни разлики - изјави Тодоровски.

Според историчарите, Шатев, по обемноста и тежината на ракописите што ги оставил, може да се нарече прв македонски историограф.

- Разочарана бев што македонската историографија во првите научни обиди по војната била лишена од трудовите на овој македонски интелектуалец и мислител. Жално е секогаш историјата да ја почнуваме од почеток - изјави историчарката Виолета Ачковска.

(Ж.З.)

#



Останати вести
Нови лаборатории на Ревматологија
Министерот Поповски на средба во Руската православна црква
Мрзнат учениците во „Гоце Делчев“ во Неготино?
Лицата со попреченост сакаат вработувања без хендикеп
Индексот на медиумската слобода паѓа
Најчесто се збратимуваме со училишта од Турција
ЕУ да го испита третманот на Македонците во Албанија
Владиката Петар сака да го екскомуницира Игор Александров
Телевизиите им токмат ценовник на музичарите
Образовните врски со Европа се поскапи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
В. Кратовалиев, 31.01.2013 11:48:45
*Скриено и покриено, може, само за некое време, но не засекогаш*, така вели народната мудрост, што и овој пат се потврдува со Павле Шатев и неговата дејност. Многумина ке бидат љубопитни на реакциите на компартиските историчари, /а за среќа, има живи уште неколкумина/, за Борис Сарафов, за неговата личност и неговото знаменито дело, но воедно и за Јане Сандански, организаторот и наредбодател на неговото, но и убиството на Иван Гарванов.
 
Најнови вести

Папата Франциско: Единство наместо еднообразност
Крај на ситните евро-монети?
„Празните гнезда“- иднина на Македонија?

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->