прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
сабота, 22 ноември 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА РАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Уапсени 25 проститутки фатени на дело

Приведените вчера беа однесени на медицински прегледи во Инфективната клиника за да се утврди дали се носители на разни полови и сексуално преносливи заразни болести


Дискриминација и флагрантно кршење на правата, обвини невладината организација ХОПС

Дваесет и пет проститутки и нивни муштерии биле приведени откако полицијата ги фатила на нивното „работно место“, завчера, на неколку локации во Скопје. Проститутките биле затекнати на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар, како и во близина на зградите на МАНУ, МКЦ, МРТ, на адвокатската уличка и на плочникот на улицата Кеј Димитар Влахов. Акцијата со кодно име „Улична проституција“ траела од 20 часот завчера до вчераутро, а биле приведени 25 проститутки и осум нивни клиенти.

Меѓу приведените е и едно момче на возраст од 21 година кое давало сексуални услуги. Била приведена и една малолетничка, која во четвртокот вечерта била им предадена на родителите. Останатите се на возраст од 19 до 51 година. Меѓу приведените има 48-годишна мајка што, освен што самата нудела сексуални услуги, посредувала при секс-услугите што ги вршеле нејзините ќерки.Двајца од приведените се осомничени за посредување при вршење на проституција.

Приведените сексуалните услуги ги давале од 18 часот, па се' до следното утро. За сексот наплаќале од 500 до 1.000 денари. Бидејќи има сомневање дека приведените се носители на разни полови и сексуално преносливи заразни болести, тие вчера биле однесени на медицински прегледи во Инфективната клиника.

Доколку по извршената контрола и лекарскиот наод бидат утврдени болести кај нив, ќе биде поднесена кривична пријава за пренесување заразна болест, за што е предвидена казна од една до три години затвор.

Меѓу приведените има една Албанка и една девојка од Косово. Останатите се македонски државјанки и тоа Македонки, Албанки, Ромки и Босанки. Во МВР велат дека приведените немаат постојано место на живеење и потекнуваат од дисфункционални семејства. Повеќето од нив се разведени и имаат од едно до пет деца. Најголемиот дел од нив имаат само основно образование. Две воопшто не посетувале настава и не умееле да се потпишат во изјавите во полициската станица. Сите се лошо материјално ситуирани. Против две од нив досега неколкупати биле поднесувани кривични пријави за проституција. Против проститутките била поднесена прекршочна пријава според Законот за прекршоците, за оддавање на проституција. Казната за овој прекршок изнесува од 600 до 800 евра.

МВР најавува дека акцијата „Улична проституција“ ќе продолжи во континуитет. Невладината организација ХОПС во име на Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права, до народниот правобранител испрати известување во кое изрази револт поради начинот на кој била спроведена полициската акција. Според ХОПС, при апсењето на сексуалните работници не им биле јасно кажани причините за приведувањето, а откако од Клиниката за инфективни болести не прифатиле да им извршат тестирање за ХИВ и хепатит Ц, била добиена судска наредба за тестирање. Превезувањето на уапсените до клиника та било следено од медиумите, кои биле претходно информирани за тоа, со што бил загрозен нивниот идентитет.

- Ова претставува флагрантно кршење на нивните права и директна дискриминација поради фактот дека работат како сексуални работници на отворена сцена - велат од ХОПС.Од Коалицијата најавуваат дека известување испратиле и до МВР, ОБСЕ и Хелсиншкиот комитет за човекови права.Во МВР велат дека во првите девет месеци од годинава биле откриени 11 кривични дела проституција, за кои се осомничени 18 сторители. Според полициските анализи, 6 кривични дела биле за посредување во вршење проституција, а пет за подведување. Тринаесет од проститутките биле Македонки на возраст од 14 до 26 години. Во истиот период лани биле откриени 12 кривични дела и осомничени 14 сторители.

ИНФО-Секс-третман за 1.000 денари

Меѓу приведените е и 21-годишно момче и малолетничка што им е предадена на родителите. Останатите се на возраст од 19 до 51 година. Проститутките за сексот наплаќале од 500 до 1.000 денари. Меѓу нив има една Албанка и една девојка од Косово. Повеќето од проститутките се разведени и имаат од едно до пет деца. Најголемиот дел од нив имаат само основно образование, а две се неписмени и не умееле да се потпишат.

Даниела Вељановска


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт