барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Региони
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Спорт
Омнибус
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
11°C
Моментални услови
Делумно облачно
Прогноза
Петок
Ведро
Мин: 8°C, Макс: 26°C
Сабота
Локални грмотевици
Мин: 9°C, Макс: 26°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Култура
Датум: 17.02.2010, 22:20

Почнува ревитализацијата на скопската чаршија

Со реализацијата на програмата треба да се врати сјајот на скопскиот ориент

Обновување фасади на старите куќи, поддршка на занаетите, економски развој, туристички тури, организација на концерти, изложби, промоции, законски одредби за заштита на градбите и за задржување на автентичноста треба да добие Старата скопска чаршија. Ревитализацијата е предвидена да се реализира во следните пет години од страна на Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје, општините Центар и Чаир, организацијата на занаетчиите, невладини организации, здруженија, граѓани, уметници, архитекти.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека со програмата ќе се овозможи тој простор да се развие стопански, културно, урбано и притоа да го задржи својот идентитет како место во кое се мешаат традицијата, културата, обичаите.

- Со ревитализацијата ќе се овозможи општ развој на заедницата во чаршијата, но и на сите оние што тука ќе доаѓаат да работат, учат или да го поминат слободното време. Старата скопска чаршија е наше заедничко богатство и затоа е заедничка одговорноста да се грижиме за неа и да ја зачуваме. Со програмата ќе му го вратиме сјајот на скопскиот ориент - рече Канческа-Милевска.

Таа истакна дека е во тек и процесот на инвертаризација на Чаршијата при што до сега биле опфатени 300 објекти.

Градоначалникот на Општината Чаир, Изет Меџити, смета дека со програмата чаршијата ќе се развива културно и стопански.

- Старата скопска чаршија ни е оставена како наследство, но и како обврска да ја зачуваме и развиваме. Таа е доказ за различните историски периоди и за вековниот соживот на овие простори. Битно да ја заживееме и ревитализираме и да го покажеме нејзиното историско, културно, но и политичко значење во нашиот главен град - рече Меџити.

Плановите за заживување и издигнување на овој културен и историски простор од главниот град ги води Националниот совет за ревитализација на Старата скопска чаршија на чие чело е Јасмина Хаџиева-Алексиева.

Таа на промоцијата презентира поголем дел од програмата, која треба да заврши до 2015 година. Како што истакна, ревитализацијата ќе биде поделена во пет области и тоа, занаети, туризам, култура, угостителство и услужни дејности. Во делот со културата се предвидува да се организираат изложби, театарски претстави, концерти, ликовни ателјеа на отворено, филмски проекции. Ќе бидат поттикнати занаети што се значајни за идентитетот, но и за стопанскиот развој на чаршијата. Се планираат изработки на туристички мапи, ангажирање туристички водичи, отворање туристички сервис.

Како што истакна Хаџиева-Алексиева, ќе бидат подготвени и нови правилници со кои строго ќе се контролира урбанистичкото планирање и реновирањето на приватните објекти. Плановите за ревитализацијата се достапни на интернет-страницата www.skopskacarsija.gov.mk.

Тоше Огњанов

#



Останати вести
Хет-трик за Лејди Гага на „Бритс“
Ламбе награден за хуманоста
Добротворен концерт во Гостивар
Македонија избира претставник на Евровизија
На фестивал во Калифорнија награда за „Македонија вечна“
Портрет на Радован Павловски во МАНУ
Прилепскиот театар слави шеесет години
И музички театар во МНТ

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
 
Најнови вести
Уставен суд пресече - Исклучените ќе мора да плаќаат за парно
Национализмот го прекина финалето на Купот на Македонија
Владина делегација во посета на Казахстан
Неизвесен крајот на потрагата по исчезнатото девојче
Убиство во Сарај, усмртениот застрелан со неколку куршуми
Македонците сe повеќе умираат, сe помалку се раѓаат

Резолуцијата усвоена, добивањето датум- неизвесно
Германија е најпопуларна држава во светот во анкета на Би-Би-Си
Лагард сослушана за финансиска афера

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->