прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
четврток, 24 јуни 2010    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Сцена

Кристина Арнаудова сними нова песна

Пејачката Кристина Арнаудова ја сними својата нова песна, „Те сакам до крај“, која е најава за нејзиниот нов албум, кој ќе излезе во април 2011 година. Автор на темата е американскиот композитор и продуцент Мајкл Ли Џексон, најпознат по тоа што му е верен соработник на Ијан Гилан од „Дип парпл“ и работи на неговите последни три албуми, како автор на композиции, и гитарист.

Песната е комплетно отсвирена во живо со повеќе од 20 музичари во едно од најголемите студија во Лос Анџелес, а само вокалот на Кристина се снимал во Македонија во студиото „До, ре, ми“ каде што ќе продолжи снимањето на вокалите за албумот. Англиската верзија на песната се вика Love You for Life.

Македонскиот текст е на Кристина, а и двете верзии ќе бидат пуштени на радиостаниците. Финалниот микс на песната е на Кокан Димушевски, кој ќе ја работи и тонската продукција на албумот. Мастерингот ќе го работи Ник Благона, во Канада, кој работел на албуми на „Полис“, „Дип парпл“, „Чикаго“. Целата екипа што го работи албумот летово ќе биде во студио и се надеваат дека до крајот на август албумот ќе биде при крај. Спотот за оваа песна ќе излезе на 1 септември, а премиерно ќе се прикаже на регионалниот канал „Ем-ти-ви“.

#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт