прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
среда, 08 април 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Скопје

Парк и биста во чест на Пушкин во Кисела Вода

Бистата ќе се прави во Русија, а паркот ќе биде во форма на крст, со мал плоштад со трибина, клупи, канделабри...

Општина Кисела Вода ќе добие парк во чест на светски познатиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин, а по повод 210 години од неговото раѓање. Паркот ќе биде на местото на зеленилото, на почетокот на улицата Пушкинова која се наоѓа во оваа општина, во близина на Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Централното место ќе го зазема неговата биста, информираше Џорџе Арсов, се' уште актуелниот градоначалник на оваа општина. Паркот во чест на Пушкин, чиј проектант е Љубомир Гиговски, се планира официјално да биде пуштен во употреба на 6 јуни, денот кога е роден поетот. Веќе в понеделник треба да се распише јавен повик за најповолен изведувач.

- Идејата е дамнешна. Бидејќи во општината имаме улица Пушкинова, првично беше во план на нејзиниот почеток да се стави биста, со која ќе се обележи ликот на Пушкин. Во разговорите потоа, идејата ја проширивме. Паркот ќе биде место не само за рекреација туку и за културни манифестации. Во чест на неговото раѓање традиционално ќе се одржуваат Денови на Пушкин, изјави Арсов. Како што истакна градоначалникот, реализацијата на проектот е одобрена и поддржана и од новиот градоначалник Марјан Ѓорчев.

Сурен Ерицјан, претставник на амбасадата на Руската Федерација, најави дека бистата на Пушкин ќе се прави во Русија и ќе биде тешка 145 килограми, висока еден метар, а постаментот ќе биде висок два метра, во форма на пресечена пирамида која ќе се состои од четири триаголници. Бистата ја работи Леонид Ватњик од Русија. Таа ќе биде од бронза, а се очекува да пристигне во мај. Проектантот Гиговски паркот го замислил во вид на крст, инспириран од смртта на Пушкин со раширени раце.

- Во средината на тој крст ќе биде бистата на Пушкин. Секој крак ќе биде со димензии од 12 метри, што ќе ги симболизира 12-те апостоли. Краевите на краците ќе завршуваат со посебни крстови што го означуваат светото тројство, каде што ќе бидат поставени и клупи. Во паркот ќе има вкупно 50 клупи, пешачка патека, а ќе биде осветлен со 40 канделабри. Предвиден е и мал плоштад со трибина, објасни проектантот Гиговски. Паркот ќе биде хортикултурно уреден. Околу него ќе бидат засадени брези, бидејќи домот на Пушкин исто така бил опколен со брези. Пред постаментот на бистата ќе бидат поставени две ниски жардиниери. Во дел од паркот е предвидено и детско игралиште.

Овој проект се реализира на иницијатива на Меѓународната федерација на рускојазични писатели и во соработка со Амбасадата на Русија во Република Македонија. Елена Силјановска, претставник од Меѓународната федерација на рускојазични писатели, објасни дека овој проект всушност е дел од нивната светска програма „Светско културно наследство, фундаментални вредности, рускиот јазик и мир без војна“, според која бисти на рускиот поет Пушкин ќе се поставуваат во повеќе града во светот.

Биста на Пушкин на 6 март е поставена во Панама, од истиот автор кој ја работи бистата на Пушкин во Кисела Вода. Се планира да се постават и во Полска, Грција, Унгарија и Италија.

Анела Петрова


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт