прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
вторник, 02 јуни 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија

Осогово станува привлечно за туристите

Културните и историски локалитети на Осогово предизвикуваат се' поголем интерес кај домашните и странските туристи, по туристичка промоција и реализирањето на проектот за побрз развој на Осоговскиот регион. Проектот го спроведе Општинскиот центар за карпеста уметност од Кратово, со парична поддршка на Германското друштво за техничка соработка. Со преземените активности се подобрени туристичките ресурси за привлекување на гостите.

- За летната туристичка сезона веќе се најавени околу 4.500 гости од Македонија, Германија, Италија, Швајцарија, Хрватска, Данска, Англија и од други земји, но се надеваме дека нивниот број до крајот на сезоната ќе биде многу поголем. Во рамките на проектот формирани се Здружение за побрз развој на Осоговскиот регион и Регионално туристичко биро, во соработка на општините Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Пробиштип и Кочани. Отпечатен е и дистрибуиран промотивен материјал, формирана е и стручна служба на туристички водичи од повеќе области, а воспоставена е и широка соработка со туристичките агенции. Туристичките тури, за кои главно посетителите пројавуваат интерес, опфаќаат посета на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, кулите, мостовите и шествековните борови во Кратово, локалитетот Куклица, Музејот за праисторија, како и дегустацијата на македонските традиционални јадења и запознавање со фолклорното творештво на овие простори - вели координаторот на проектот и раководител на Центарот за карпеста уметност Стевче Доневски.

Тој истакнува дека странците, особено научната јавност, по објавувањето на книгата за македонските знаменитости од англискиот автор Крис Делисо, пројавуваат голем интерес за вулканскиот резерват во село Горно Кратово, локалитетите Цоцев Камен и Големо Градиште во село Коњух, а на листата со туристички атракции ќе се најде и античкиот рудник во село Шлегово.

 (Ж.Ц.)


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт