прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
вторник, 31 март 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија

СТРУЧЊАЦИТЕ ГИ ПРЕДУПРЕДУВААТ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Лошото ѓубрење роди стерилни ниви

Агрохемиска анализа никогаш не била направена на голем процент од земјоделските површини кои со години неконтролирано се ѓубрат и се обработуваат, предупредуваат експертите


Потребни се агрохемиски анализи за да се знае што и' недостига на почвата, велат стручњаците

Поради неконтролирано користење вештачки ѓубрива и без претходна агрохемиска анализа, почвите во Македонија стануваат стерилни, предупредуваат стручњаците. Тие велат дека најголем процент од земјоделските површини никогаш не бил цел на анализа, а со години се обработуваат и се користи вештачко ѓубре.

- Тоа е како да ви стават инјекција без претходно да ве прегледа лекар. Земјоделците најпрвин мора да направат агрохемиска анализа на почвата, како што на лекар прво ви прават крвна слика. Потоа може да отидат во земјоделска аптека, со своевиден рецепт од „матичниот лекар“. Болните ниви плачат за лек и во вакви услови тие не може да дадат здрава храна. Така ќе биде се' додека земјоделците не почнат со „рецепт“ да одат по вештачко ѓубре - вели д-р Видое Трпевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Тој вели дека на македонските земјоделци им е најлесно да фрлат во нивата „три петнаесетки НПК“. Но, со тоа си ги фрлиле и парите, а ефектите се никакви.

- Добро е на пример кога на 100 грама почва имате 15 милиграми фосфор. Тоа е плодна почва. Лошо е ако фосфорот е 6 милиграми. Ако, пак, тој изнесува 42 милиграма, тогаш станува збор за луксузно плодна почва. Е, замислете си сега нејзе да и' додадете уште фосфор. Тоа е рамно на убиство - објаснува професорот Трпевски.

Агрохемиските анализи, вели, се потребни за да се знае што и недостига на почвата за тоа да и' се даде. Според него, со премногу хлор во почвата нема квалитет на грозјето и на тутунот, присуството на бор влијае врз шеќерноста на гроздот, а присуството на сулфур го намалува мрзнењето кај виновата лоза. Хлорозата кај растенијата се јавувала токму поради недостиг или вишок на некои хемиски елементи. Дијагнозата без хемиска анализа на почвата во земјоделството, била погрешна како што е погрешно да се даде лек без преглед во медицината. Професор Трпевски вели дека почвата може да стане токсична ако се претера со ѓубрењето и како таква влијае штетно на приносите. Кога некој хемиски елемент е презастапен во почвата, доаѓа до уништување на растението поради таканаречената пресолена почва.

- Одговорно тврдам дека со години во најголемиот дел од државата никој не се занимавал со плодноста на почвата. Во моментов во Македонија има само три лаборатории за испитување на почвениот квалитет, од кои по една на Факултетот и на Институтот по земјоделство. Ние на Факултетот имаме и наставна и образовна работа и можеме да направиме само стотина проби годишно, повеќе не сме во можност. Затоа има потреба од повеќе вакви лаборатории, но и навика кај земјоделците да ги посетуваат нив - вели Трпевски кој три децени работи на оваа проблематика. Кавадаречките земјоделци, пак, се жалат дека надлежните не одговарале на барањето за отворање приватна агрохемиска лабораторија во градот на грозјето и виното. Од Здружението на земјоделци „Агротиквешија 2002“ бараат да не се запира работата околу отворањето на лабораторија. Тие потсетуваат дека власта најави дека две проби на почвата ќе субвенционира државата, а останатите земјоделецот ќе си ги плати сам.

Светлана Дарудова


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт