барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Региони
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Спорт
Омнибус
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
17°C
Моментални услови
Делумно облачно
Прогноза
Среда
Грмотевици
Мин: 12°C, Макс: 28°C
Четврток
Грмотевици
Мин: 8°C, Макс: 26°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Џубокс
Датум: 10.02.2009, 17:33

ПЛАНИНСКИ И МАНАСТИРСКИ ТУРИЗАМ ВО ОПШТИНА ЧАШКА

Азот доживува туристички бум

Во домовите на Чеплес, Папрадиште и во Богомила лани биле остварени 20.000 ноќевања, а покрај домашните престојувале и гости од Полска, Србија, Словенија, Хрватска, Чешка, Словачка и од други земји


Привлечни за гости: планинарскиот дом Чеплес (горе) и домот во Мокрени (долу)

Азот доживува туристички бум откако домашни и странски гости лани го открија како нова дестинација за планински и манастирски туризам, велат од локалната власт на Општина Чашка. Тоа дава надеж дека ќе заживее овој регион од општината, а туризмот ќе биде една од носечките гранки. Рекорден број туристи во споредба со минатите години лани ги посетиле планинарските домови во Азот, соопштуваат од локалната власт. Лани имало за 25 проценти повеќе отколку во 2007 година. Регистрирани се посетители и ноќевања во планинарските домови и објектите на Чеплес, во Папрадиште и во Богомила. Тие биле домаќини и на гости од Полска, Србија, Словенија, Хрватска, Чешка и Словачка. Минатата година во овој регион во централна Македонија престојувале 6.200 посетители со реализирани 20.000 ноќевања.

- Пријатно сме изненадени од тоа што го доживеавме за викенд на Јакупица. Толку многу има што да се види, а немавме време за се'. Ќе мора пак да дојдеме да го посетиме овој предел. Остана уште многу што да видиме. Највредно е што е релативно блиску до Скопје, се стигнува за два часа, а пределот е како да не е допрен од човек. Чист воздух, снег, и со автомобил се доаѓа до домот - вели семејството Јовановски, кое ги посетило планинарските домови во Папрадиште и Чеплес и на двете места престојувале по една ноќ.


Тие се фасцинирани од глетката што се пружа од врвот Солунска Глава, кој иако е под дебела снежна покривка, по неколку часовно искачување дошле до него. При престојот во Папрадиште биле одушевени од црквата „Св. Петар и Павле“, дело на Андреја Дамјанов како и иконостасот и фреските создадени од познатите папрадишки мајстори Димитар Андонов и Ѓоргија Зографски. Нивното мислење го делат повеќе гости што минале незаборавен викенд во регионот на Азот. Природните убавини на планинскиот масив Јакупица се на дофат на гостите, бидејќи се одлично сообраќајно поврзани со железницата што минува низ срцето на овој предел. Речиси до секаде водат асфалтирани патишта, има вода, струја и друга инфраструктура.

Еден од недостатоците на кој реагираат гостите е дека во овој регион нема бензиска пумпа. Па ако се патува со автомобил, треба да се наполни резервоарот во Велес. Привлечни за посетителите се манастирот „Св. Богородица“ во селото Согле, изграден во 1836 година и манастирот „Св. Архангел Михаел“ во село Теово, обновен пред дваесетина години. Посетителите освен што се искачуваат на врвот Солунска Глава, висок 2.540 метри, лете и во есен одат и на берба на малини, капини, боровинки или планински чај, или во лов и риболов по планинските реки. Неодминлива дестинација е и Бабина Дупка, место создадено за одмор, поглед на реонот на Азот, а се посетува и истоимената пештера или соседната Марина Рупа. Тие се цел на странците, кои од година во година ги има се' повеќе.


Гостите во Папрадиште се одушевуваат од црквата „Св. Петар и Павле“, дело на познатите папрадишки мајстори

- Пред некоја година зацртавме да се развива планинскиот туризам во Азот. За две години успеавме во нашите намери да ги доближиме природните убавини и реткости на гостите. Наша предност е природната убавина недопрена од човекот. Очекуваме со полнењето на езерото Лисиче да имаме и нов импулс за развој на туризмот - вели Стојан Маневски, градоначалник на Општина Чашка.
Потенцијал за развој на туризмот се и малку искористените, но одлично опремени домови во селата Ораов Дол и Мокрени. Можеби и ниската цена за престој во домовите од по 100 денари за ноќ е мамката што уште повеќе ги привлекува гостите.

Петар Печков

#



Останати вести
Соживот, ама без другиот
Станишев се извини за изјавата на Борисов
11
Елитните „волци“ го слават петнаесеттиот роденден
Лајчак: Западен Балкан уште не е зрел за во ЕУ
Солоцински: НАТО не е способен да обезбеди безбедност
Милошоски и Коњановски во Брисел
МПЦ без гревови во „Бисер“ и во „Изгрев“
Одложени етничките смени во „Нико Нестор“
Партиските интереси поважни од учениците
ДПА обвинува за апартхејд
Делчево ќе го подобрува образованието на Ромите
Брза помош со матични лекари
Граѓанин подари 80.000 евра за болница
Заводот не го кажува бројот на новите болни од заушки
Стоп за предизборните вработувања

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
 
Најнови вести
Македонците сe повеќе умираат, сe помалку се раѓаат
Закочија преговорите Ивановски-Јовановски-Заев
Конкурираат да станат амбасадори во Берлин, Вашингтон и во Бразилија
Неизвесен крајот на потрагата по исчезнатото девојче
Македонците сe повеќе умираат, сe помалку се раѓаат
Конкурираат да станат амбасадори во Берлин, Вашингтон и во Бразилија

Резолуцијата за Македонија во ЕП доби шест амандмани
Борисов ќе го врати мандатот за состав на нова влада
ЕУ поделена околу данокот на финансиски трансакции

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->