Датум:
06.04.2009, 17:49 Сеќавање на бомбардирањето на Штип
Граѓани, претставници на локалната самоуправа, боречката организација и на АРМ вчера положија свежо цвеќе пред спомен-плочата на жртвите, одбележувајќи ја 68-годишнината од бомбардирањето на Штип. Комеморација се одржа и пред заедничката гробница, во која се закопани повеќемина загинати во бомбардирањето.
Градот бил бомбардиран на 6 април 1941 година, денот кога почнала фашистичката агресија врз тогашна кралска Југославија. Штип бил бомбардиран двапати во раните утрински часови од ескадрила германски авиони, кои полетале од аеродромот во царска Бугарија. Животот го загубиле педесетина граѓани на Штип и 150 војници на тогашната југословенска окупаторска војска во Македонија.
(Љ.Ш.) # |