прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
вторник, 25 мај 2010    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Актуелно

Четврти Македонец се качи на Покривот на светот

Скопјанец Здравко Дејановиќ вчераутро го освои Монт Еверест во рамките на една руска експедиција

Исцрпен сум, тотално исцрпен, имаше силна виулица, невиден ветер, но успеав, беа првите зборови што 45-годишниот скопјанец Здравко Дејановиќ им ги кажал на својата мајка и на пријатели-планинари откако го освоил највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Тој е четвртиот Македонец што се искачил на Покривот на светот. Големиот успех Дејановиќ го направи вчера изутрина во 9.30 часот по локално време, во рамките на руската експедиција од планинарското друштво „Седум врвови“ од Москва. Тој бил во составот на втората група што го освоила највисокиот врв на светот, а во која уште биле познатиот руски планинар Серхеј Ларин, алпинистката Лена Горелик и мајката и синот од Полска, Малгорзата Пиерз-Пенкала и Даниел Мизера. Шестиот член на оваа група, Полјакот Кшиштоф Гинаљски, се откажал од искачувањето поради болест. Врвот висок 8.848 метри пред нив вчера го освоила првата, десетчлена, група во рамките на оваа експедиција.

Тие го освоиле Монт Еверест од т.н. северна страна, која е нешто полесна за качување. Ова е истата страна од која пред две години Монт Еверест го освои Македонецот од Канада, Глигор Делев. Тој беше вториот Македонец што ја совлада негостопримливата планина по историското искачување на Димитар Илиевски-Мурато во 1989 година, кој загина при симнувањето од врвот. Како што е познато, лани и кардиологот Сашко Кедев од Скопје се искачи на највисокиот врв на светот.

Дејановиќ вчера по освојувањето се наоѓал во базниот логор на висина од околу 6.300 метри, од каде што успеал да им се јави на своите најблиски. Неговото враќање во Скопје се планира во првата декада од следниот месец. Тој се занимава со приватен бизнис, живее во Општина Сопиште и има две ќерки. Големиот успех му се совпадна и со прославувањето на 45. роденден, кој ќе го одбележи денеска заедно со пријателите од експедицијата. Со планинарство се занимава веќе 15 години, а првиот врв што го освоил е Арарат во Турција, висок 5.130 метри, во 2004 година. Потоа следуваа искачувањата на Кавказ, на врвот Западен Елбрус, висок 5.642 метра, Аконкагва во Јужна Америка - 6.895 метри и лани врвот Мустак Ата, висок 7.654, во Кина.

Познатиот македонски планинар Живко Темелковски, претседател на ПД „Бистра“, чиј член е Дејановиќ, вчера изјави дека е одушевен со неговиот успех.

- Здравко е исклучително упорна личност која дава се' од себе за да ја постигне целта што си ја задал. Затоа, бев сигурен дека и ќе успее во ова. За ова се подготвуваше сиве овие години и посебно последниве месеци - рече Темелковски.

Според информациите што на својата интернет-страница ги објавила руската експедиција, временските услови при последната етапа на искачувањето биле многу лоши. Освен што имало снег висок околу 30 сантиметри, дувал и силен ветер поради циклонот што го најавува почетокот на периодот на монсуните. Водачот на експедицијата, алпинистот Александар Абрамов, досега трипати се качил на Монт Еверест, а ова му било седми пат да предводи некоја експедиција.  (Б.Ѓ.)

Успех без државна помош

Државата не сакаше ниту со еден денар да учествува во потфатот на Дејановиќ и на сите наши барања за спонзорство остана нема, изјави вчера Јовица Угриновски, претседател на Федерација на планинските спортови на Македонија.

Тој додава дека сите во Федерацијата се радуваат на големиот успех и додава дека Дејановиќ ги исполнил сите критериуми за да се впушти во ваков предизвик.

- Жално е што немаше разбирање од страна на државата финансиски да се помогне овој потфат. За среќа, во Федерацијата успеавме да најдеме начини тоа и да се оствари - рече Угриновски.


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт