прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
петок, 20 ноември 2009    
 
 
Актуелно
Во фокусот
Република
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Фељтон
Култура
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна



















Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Метропола

„Распеани скопјани“ зло не мислат

Членовите на аматерскиот хор секоја сабота, со пригодна песна, на соодветна локација одбележуваат значајни настани - пред МАНУ ја пееја „Чија си“ по повод издавањето на Македонската енциклопедија, на плоштадот пееја „Убиј ме“ пред одржувањето на Парадата на толеранцијата, а настапија и пред грчката амбасада

Аматерски хор, составен од млади скопјани, последниве два месеца со пеење на јавни места и пред разни институции ги одбележува позначајните настани во земјава. „Распеани скопјани“, како што се нарекуваат, секоја сабота со пригодна песна на соодветна локација одбележуваат значајни настани - пред МАНУ ја пееја „Чија си“ по повод издавањето на Македонската енциклопедија, на плоштадот пееја „Убиј ме“ пред одржувањето на Парадата на толеранцијата, а настапија и пред грчката амбасада.

Со оглед на сегашната бурна политичка ситуација, хористите велат дека не им недостига инспирација за пеење. Дел од хорот го сочинуваат активистите на здружението „Плоштад Слобода“, а дел се волонтери кои уживаат во хорското пеење.

Досега „Распеани скопјани“ имале 10 настапи со седум различни песни, а со оглед на тоа дека не сакаат медиумски да се експонираат, тешко е однапред да се дознаат нивните настапи.

- Песната „Чија си“ од Славе Димитров ја пеевме пред МАНУ, се разбира инспирирани од скандалозната енциклопедија. Пред грчката амбасада со „Дирлада“ на грчкиот премиер Јорго Папандреу му порачавме дека љубовта нема граници. Пеевме и пред саатот на Старата железничка станица, кој го бележи времето на катастрофалниот земјотрес од јули 1963 година, а кој градоначалникот Коце Трајановски сакаше да го поправи. Таму ја изведовме песната „Временска машина“ од групата „Нокаут“ и му предложивме на Трајановски да го наштелува стариот саат на секој час да отчукува по една стара народна песна - објаснува еден од хористите.

На денот на ВМРО тие ја пееја „Ние сме Македонци“, а со изведба на „Уните уните Еуропе“ го поздравија позитивниот извештај од Европската комисија за напредокот што го оствари Македонија на патот кон ЕУ.

Нивната цел е да го свртат вниманието на јавноста кон важните општествени случувања на еден поинаков, оригинален начин, т.е. со песна да одбележат некој празник. Засега немаат многу публика, нивните настапи ги следат само зачудени минувачи кои се затекнале на местото на пеењето.

Во хорот досега пееле повеќе од 40 распеани грла. Тие идната недела ќе го имаат својот прв концертен настап, односно ќе испеат повеќе песни одеднаш, но не откриваат каде ќе настапат.

Нивните настапи може да се видат на „Јутјуб“. Таму многу граѓани им оставаат коментари за оригиналната идеја и им пружаат поддршка. Хорот има и обожаватели од Србија.

Неодамна хорот аплицирал на конкурсот на Град Скопје за улични изведувачи. Според хористите, тие на конкурсот не биле облечени во носија и не пееле народни песни, туку на репертоарот им била добро извежбаната композиција „Временска машина“.

Марија Тасев


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

 Вторник       Среда
 
 мин-макс      мин-макс
   -9/7             -5/4

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.71
 AUD     39.18
 USD     44.35
 GBP     70,54


 
 
прва страна   контакт