прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

ЗАПЛЕНЕТИТЕ МАКЕДОНСКИ АРХЕОЛОШКИ ПРЕДМЕТИ СЕ УШТЕ НА ТУЃА ТЕРИТОРИЈА

Словенија бара потврда за потеклото на бронзите

Постапката за враќање на предметите од културното наследство на Македонија е приоритет за Министерството за култура на Словенија, во интерес на добрите меѓудржавни односи, велат во словенечката амбасада во нашата земја

Словенија ќе и' ги врати на Македонија стотината бронзи, стари околу 28 века, кои лани во септември беа запленети на нивната граница откако словенечките експерти дефинитивно ќе утврдат дека тие потекнуваат од македонска територија. Ова го соопшти Амбасадата на Република Словенија откако во мината недела „Дневник“ го објави ставот на нашата Управа за заштита на културното наследство дека Словенија одолговлекува да и' ги врати на Македонија археолошките предмети. Директорот на Управата Јован Ристов рече дека Словенците од нашите надлежни служби почнале да бараат се' повеќе документација, дури и фотокопии од книгите според кои нашите служби го утврдувале потеклото на предметите.

Од словенечката амбасада тврдат дека за нивното Министерството за култура приоритетно е враќањето на предметите од културното наследство на Македонија. Тие објаснуваат дека според меѓународното право за заштита на културното наследство (Конвенција за мерки за забрана и спречување на недозволен увоз и извоз на културни добра како и пренос на сопственичко право врз нив), барањата и враќањата на културните богатства по дипломатски пат се доставуваат до државата што ги бара.

- Македонија мора на сопствен трошок да ги достави сите стручни експертизи што се основа на барањето за запленување и враќање. Словенија е должна да ги врати археолошките предмети на законскиот сопственик. Тоа значи дека стручните експертизи докажуваат голема веројатност дека археолошкиот материјал потекнува од македонска територија - велат од амбасадата.

НЕДОСТАТОЦИ ВО НАШИТЕ ИЗВЕШТАИ

На 7 февруари годинава, еден ден откако „Дневник“ објави дека археолошките предмети шест месеци чекаат да се вратат во Македонија, словенечкото Министерство за култура до Народниот музеј на Словенија го испратило образложението на нашите експерти и замолило да направат процена на доказите за изворот на потеклото на предметите, според тоа што нашите стручњаци го навеле во документите. Во стручната процена на извештајот на нашите експерти имало две проблематични точки за изворот на украдените предмети.

- Има стручни недоречености и технички недостатоци. Проблематичен е фактот дека украдените праисториски предмети, кои се типични за Македонија, се појавуваат и во другите делови на регионот. Потенцираме дека Словенија е должна културните добра да му ги врати на нивниот законски сопственик, зашто може да има непријатности ако други држави замолат да им биде вратен некој од предметите би замолиле други држави. Сликите, пак, на коишто се документирани украдените предмети се нумерирани, но предметите на сликите не се, затоа не можат брзо да се споредат со описите - објаснуваат во словенечката амбасада.

ДА СЕ ЗАДРЖАТ ДОБРИТЕ МЕЃУДРЖАВНИ ОДНОСИ

На 23 мај словенечкото Министерството за надворешни работи му предложило на нивното Министерство за култура да се поврзе со нашата амбасада во Љубљана и да им даде дополнителни појаснувања каква документација треба да достави македонската за да се расчистат сите сомневања дека археолошкиот материјал потекнува од македонска територија. Во минатата среда, кога „Дневник“ објави дека Словенија одолговлекува да ги врати на Македонија археолошките предмети, нашата амбасада во Љубљана до словенечкото Министерство за надворешни работи доставила копии од стручна литература.

- Документите со препорака се веднаш доставени на Министерството за култура на Словенија. Предметите треба да бидат вратени што поскоро, во интерес на добрите меѓудржавни односи. Министерството во петокот ја достави документацијата до Народниот музеј на Словенија и ги замоли да направат уште една стручна процена. Ставот на Министерството за култура и на Директоратот за културно наследство е дека Словенија со најголемо задоволство ќе и' ги врати археолошките предмети на Македонија, веднаш по стручната процена дека според новиот доказен материјал голема е веројатноста дека предметите потекнуваат од македонска територија - велат во словенечката амбасада.

СЛОВЕНИЈА НЕ ПРИМИЛА ПРОТЕСТНО ПИСМО

Во словенечката амбасада тврдат дека Министерствата за култура и за надворешни работи на Словенија не примиле протестно писмо од нашата Управа за заштита на културното наследство. Ристов изјави дека го потпишал протестното писмо на 29 мај и со фотокопиите од книгите го пратиле во Словенија. Ристов неодамна објасни дека Словенците од службите од нашата Управа прво барале да испратат податоци за предметите. Кога нашите го направиле тоа, Словенците побарале „цитирана литература“ - список со книгите според кои нашите стручњаци направиле аналогија за потеклото на предметите. Но, ни тоа не било доволно за да се уверат дека предметите навистина потекнуваат од Македонија. Тие побарале фотокопии од книгите според кои нашите служби го утврдувале потеклото на предметите.

Засега е тешко да се утврди точниот број на артефактите што ги заплениле словенечките цариници, бидејќи некои предмети се во делови и треба да се спојат. Според Ристов, во моментот ова е единствениот случај кога бавно ни оди враќањето на наши предмети, а запленети на туѓа територија.

Весна Ивановска


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт