прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
среда, 24 септември 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Сцена

УСПЕШЕН КОНЦЕРТ НА ЗАГРЕПСКИОТ ЕТНО-ФЕСТИВАЛ

Хрватите уживаа во акустичната мајсторија на „Даутовски квартет“

Драган Даутовски предизвика голем интерес свирејќи на окарината стара 6.000 години


Концертот на „Даутовски квартет“ беше оценет како еден од најдобрите на Загрепскиот етно-фестивал

Македонскиот етно-квартет предводен од професор Драган Даутовски во петокот настапи на Загрепскиот етно-фестивал, а во рецензијата на интернет-порталот www.muzika.hr концертот е оценет како еден од најдобрите на фестивалот. Во извештајот се вели дека организаторите направиле одличен потег што го преместиле концертот во поголемата и поакустична сала на киното во Студентскиот центар, бидејќи имало место за сите 500 посетители. Во двочасовниот настап на „Драган Даутовски квартет“, најинтересен детаљ бил инструментот окарината стар 6.000 години, на кој свирел македонскиот професор по етнологија и музика, а веројатно тоа е една од причините за големиот интерес, сметаат од „Музика.хр“. Почетокот на концертот бил посветен на првиот албум „Патот на сонцето“ од 2001 година, што содржи песни од македонското поднебје во модерни аранжмани, но со користење традиционални акустични инструменти.

Според рецензијата, уште на почетокот на концертот вокалистката Александра Поповска се истакнала со своето речиси ангелско пеење и извонредната контрола на гласот. Публиката одлично ја прифатила и богато ја награди со аплауз, а Даутовски го видел тоа и дополнително ја истакнувал по секоја песна. Дел од квартетот на Даутовски е и неговиот син, на удиралки и на тапан, како и Бајса Арфиовска, на традиционалните инструменти тамбура и кавал, кои заедно со тамбурата на Драган го создаваат препознатливиот македонски традиционален звук.

По еден час од настапот, Даутовски ја претставил и окарината, инструментот стар 6.000 години, пронајден во околината на Велес, предмет за кој научниците долго не можеа да откријат за што служел. Виртуозот посочил дека инструментот со кој настапува е копија на оригиналниот инструмент што е сместен на сигурно, а кој припаѓа на групата флејти. Извел и импровизација на окарината, која со својот префинет звук ги вратила присутните во далечното минато, пренесува порталот. Кон крајот на концертот Даутовски ги извел нумерите од албумот „Разбој“, на кој е застапена само традиционална македонска музика во изворен облик, со тамбура, кавал и со гајда. Концертот завршил со еден бис, а музичарите уште двапати се вратија да се поклонат пред публиката за громогласниот аплауз. Рецензијата завршува со тоа дека музичарите биле одушевени од приемот на публиката, која уживала во настапот на македонската група и дека се надеваат на скорашна повторна средба.


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт