прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
четврток, 31 мај 2007    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија

ПРИСЛУШУВАНИТЕ НОВИНАРИ ПОВТОРНО НА СУД

Ново судење за „Големото уво“

Процесот влезе во седмата година, се сменија четири судии, а уште не е донесена ниту една пресуда

Судскиот процес против државата што го поведоа 17 новинари, прислушувани во аферата „Големо уво“, кој по седум години речиси беше доведен до крајот, утре почнува од самиот почеток. Новинарите повторно ќе мора да се појават пред судот и да сведочат како се чувствувале кога дознале дека државата ги прислушувала. Причина за новиот почеток на старото судење е разрешувањето на судијката Снежана Попчевска што го водеше овој процес поради случајот „Бачило“. Новата судијка е Гордана Јакова. Таа е четврта судијка која работела на овој предмет од почетокот на судењето. Процесот ја тера седмата година, а не е донесена ниту една пресуда

- Жално е што тужителите трет пат треба да зборуваат за тоа како се чувствувале. Премногу несреќни околности го следеа овој судски процес - вели адвокатот Димитар Дангов, кој ги застапува прислушуваните новинари.

Тој вели дека во вакви случаи судот не бара да се повторат претходно направените вештачења, што би требало да биде некаква гаранција дека овој пат судскиот процес нема да се развлече за уште седум години.

За да го скратат долгиот процес, уште пред разрешувањето на судијката Попчевска, новинарите преку Јавното правобранителство до Владата поднесоа предлог за спогодбено решавање на нивното отштетно побарување. Оттогаш помина половина година, а одговор нема.

- Се оди на таа варијанта, но не сме добиле официјално овластување да склучиме таква спогодба - вели јавната правобранителка Оливера Китановска.

Аферата избувна на крајот на 2000 година, кога актуелниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, кој тогаш беше лидер на опозициската СДСМ, обелодени стенограми на телефонски разговори на прислушувани политичари, новинари и дипломати. Во 2001 година Основниот суд 1 во Скопје презема истражни дејства за да се утврди кој ги прислушувал разговорите. Техничкото вештачење покажа дека МВР и Македонски телекомуникации имале опрема за прислушување. Скопското обвинителство во 2003 година ги обвини поранешната министерка за внатрешни работи Доста Димовска и тогашниот началник на управата за оперативна техника во МВР Александар Цветков дека се нарачатели на прислушувањето. Веднаш потоа тогашниот претседател Борис Трајковски ги амнестира, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Поради одолжувањето на процесот, новинарите ја тужат државата и пред Судот во Стразбур.

Новинарите бараат отштета од државата, поточно од МВР и од Македонски телекомуникации, поради претрпена душевна болка од сознанието дека биле прислушувани, што било докажано од извршеното психијатриско вештачење. Тие бараат и судот да го сослуша претседателот Црвенковски. Застапниците на МВР и на Македонски телекомуникации бараат тужбата да се отфрли како неоснована и не го признаваат вештачењето бидејќи било направено само врз основа на разговори со новинарите.

(Н.Н.С.)

 

 


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт