прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Економија

СЕ ПЛАЌА ДАНОКОТ НА СТИХИЈНИОТ ОДНОС КОН ТУРИЗМОТ

Туристите пак ја одминаа Македонија

Според неофицијалните пресметки од туризмот годинава во земјава ќе се соберат одвај 100 милиони евра, во Црна Гора 220 милиони, во Хрватска над шест милијарди, а во Бугарија над седум милијарди евра

Македонија затвори потпросечна туристичка сезона додека земјите во регионот - Албанија, Хрватска, Бугарија и Црна Гора остварија рекордни приходи од туризмот. Официјална бројка нема, но според неофицијалните пресметки, од туризмот годинава ќе се соберат одвај 100 милиони евра. Резултатите во регионот се фрапантни - Хрватска има прилив од над шест милијарди евра, Црна Гора - 220 милиони евра, Бугарија - над седум милијарди евра.

Нема ни усогласени податоци за бројот на туристите што до август годинава престојувале во земјава. Според Заводот за статистика, годинава имало помалку туристи оотколку лани. Во периодот од јануари до август се регистрирани 283.947 туристи, што е за еден процент помалку од истиот период во минатата година. Во јули бројот на туристите бил помал за 3,6 отсто во споредба со истиот месец во 2005 година.

Хотелиерите тврдат дека земјава до крајот на летото ја посетиле за 26 отсто повеќе туристи отколку во минатата година. Лошите резултати во јули, според нив, се должат на неповолните временски услови и на одржувањето на парламентарните избори.

Вината за ваквите состојби во туристичката дејност меѓусебно си ја префрлаат туристичките работници и државата.

Дончо Таневски, претседател на Асоцијацијата на хотелиерите во Македонија (ХОТАМ), вели дека во изминатите 15 години власта не се потрудила да создаде клима за повеќе инвестиции во овој сектор.

- Се' што е направено во туризмот е резултат на приватни иницијативи и на вложување приватен капитал, а државата не помогна за банките да ни даваат поволни кредити. Голем број стари хотели се приватизирани и реновирани со приватен капитал. Се изградија три-четири нови хотели во Охрид, четри-пет во Струга, а најмногу во Скопје. Најголем успех е тоа што успеавме да ја продолжиме туристичката сезона. До пред три години таа траеше само 30 дена во годината, а во изминатите три години е продолжена на шест месеци - вели тој.

Таневски е задоволен што во изминатите три години е зголемен бројот на туристите, особено на странските.

- Во Охрид се' уште пристигнуваат гости од странство. Во минатиот викенд беа искористени 90 отсто од капацитетите - тврди тој.

Според Таневски, државата незаинтересирано ги следи овие минимални промени, иако многу често оваа гранка од стопанството ја декларира како стратегиски важна.

Со него се согласува и првиот човек на Асоцијацијата на туристички агенции (АТАМ) Миле Спировски, кој смета дека државата мора да го промовира своето богатство.

- Вината за лошите резултати не е кај туристичките агенции или во недостигот на иницијативи за инвестиции од приватниот сектор. Во државава нема соодветна инфраструктура за да може да се реализираат и инвестициите за кои има голем интерес. Патиштата до многу атрактивни туристички дестинации се несоодветни. Затоа секоја инвестиција во изградба на хотел или друг угостителски објект е економски неоправдана. Џабе е хотел од пет ѕвезди, ако до него не може да се дојде - вели Спировски. ХОТАМ и' предлага на Владата неколку мерки за да се подобрат состојбите во туризмот

- Неодамна разговаравме со вицепремиерот Зоран Ставревски и му ги кажавме нашите предлог-мерки, како што се изградба на автопат од Велес до Охрид и од Битола до Меџитлија, довршување на коридорите 10 и 8. Како и приспособување на законите за да се обезбедат евтини авионски линии, подобри услови за кредитирање и намалување на ДДВ од 18 на пет отсто. Бараме и државата да ни дозволи на странците да им ги наплаќаме услугите во нивна валута - соопшти Таневски.

Од буџетот во земјава годишно за општа туристичка пропаганда се издвојуваат од седум до десет милиони денари (120.000-200.000 долари). За споредба, Србија во туризмот вложува 20 милиони долари годишно, Бугарија 10 милиони, а Хрватска 30 милиони долари.

Македонија во минатата година од туризмот оствари 80 милиони долари и во буџетот од ДДВ од оваа дејност инкасира 12 милиони долари. Во овој стопански сектор има 14.000 вработени.

Александар Димишковски


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт