прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија
СОРАБОТКА МЕЃУ СОСЕДИТЕ

Македонија и Бугарија заедно ќе слават Илинден

Секогаш ќе постојат маргиналци што, наместо да говориме за иднината, ќе не' враќаат назад, но ние ќе се придржуваме кон натамошно развивање на добрите односи, вели премиерот Бучковски

Македонија и Бугарија годинава заеднички ќе ги чествуваат Илинден и другите празници, најави завчера македонскиот премиер Владо Бучковски, по средбата со бугарскиот колега Сергеј Станишев.

Неизвесно е, сепак, дали годинава на 2 Август ќе се одржи заедничката прослава на Илинденското востание. Според Бучковски, потребно е претходно да се постигнат некои стандарди.

- Идејата на бугарскиот претседател Георги Прванов треба уште да ја развиеме. Не мора првиот Илинден што сега следува заеднички да го прославиме, но мора да мислиме на заеднички прослави - наведува македонскиот премиер.

Двајцата премиери оцениле дека политичките односи меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле подобри, а неопходно е интензивирање на економската соработка.

- Се согласивме дека секогаш ќе постојат маргиналци што, наместо да говориме за иднината, ќе не' враќаат назад, но ние ќе се придржуваме кон натамошно развивање на добрите односи - рече во таа пригода премиерот Бучковски.

Тој вчера рече дека треба со добра волја и со аргументи да ја убедиме Бугарија за она што зборуваме.

- Факт е дека, според пописот, таму има петилјадна македонска заедница. Има заедница што треба да ги ужива сите права загарантирани за малцинствата - смета Бучковски.

Според Станишев, регистрирањето на партијата на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ не е работа на владата, туку се врши по проценка на бугарските судови. Тој рече дека бугарскиот Устав дозволува еднакво изјаснување на идентитетот на граѓаните, а според пописот од 2001 година, околу 5.000 граѓани се изјасниле како Македонци.

- Сигурен сум дека нема да дозволиме политички групации и некои лоши луѓе да попречат во добронамерните контакти меѓу двете земји. Во Бугарија има граѓани што се изјаснуваат како Македонци и тоа не создава никаков проблем, а решенијата за регистрација не се дел од извршната власт - рече Станишев.

Премиерот Бучковски вчера објасни дека тие се придружиле на иницијативата на претседателите на двете држави.

- Не може да градиме заедничка европска иднина ако имаме различни истории. Мора да признаеме дека дел од празниците што ние ги славиме, ги слават и соседните држави, пред се', Бугарија. Празникот на сесловенските просветители го слават сите православни држави. Непристојно е само Македонија да го нема прогласено 24 Мај за државен празник. Јас дадов конкретна идеја, наместо 2 Мај, државен празник да биде 24 Мај. Само ние останавме да го прославуваме 2 Мај со два неработни дена, а не сакаме да го чествуваме Денот на светите Кирил и Методиј. Тоа е втората можност за заедничка прослава, бидејќи и во Бугарија го прославуваат 24 Мај - рече Бучковски.

Според него, не треба да се бараат скриени намери во иницијативата Илинден да биде прв празник што заеднички ќе се чествува.

- Сите иницијативи треба да се примат со добра волја. Јас сум убеден дека ова што денеска го имаме како позитивен однос помеѓу Македонија и Бугарија се должи на нивното приближувањето на ЕУ. Кога ќе бидеме дел од ЕУ, слични проблеми ќе имаме како и Германците и Французите или други европски држави, сите тие што имале заедничко минато имаат определени заеднички точки што треба фактографски да се изучуваат - наведува македонскиот премиер.

Премиерите оцениле дека се создаваат предуслови за интензивирање на економската соработка. Станишев вети поддршка од бугарска страна на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО, а дека визите за македонските граѓани ќе бидат воведени во последен момент, со максимално олеснување. Најавено е и отворање на бугарски конзулат во Битола.

Иван Сингартиски: Илинденското е македонско востание

Ние сме против заедничкото чествување на празниците на Македонија и на Бугарија. Илинденското беше македонско востание. Вака ќе се добие впечаток дека сме исто, изјави вчера Иван Сингартиски, лидер на нерегистрираната партија на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден - ПИРИН“.

- Во Бугарија веќе 15 години се кажува дека судовите се тие што треба да решат за регистрацијата на партијата на Македонците. А вистинскиот проблем е во прашањето кога македонското малцинство официјално ќе биде признато во Бугарија. Премиерот Станишев требаше да одговори на тоа, а не одговорноста да ја префла на судовите - изјави Сингартиски.

Бранко Горгевски

 


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт