прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Хроника

кражба на интелектуалната сопственост во МакедониЈа (3)

„Гугл“ во битка со Бени од Чаир

Скопјанецот Беџет Муслија, иако во кривична постапка е казнет со 1.000 евра поради употреба на името на туѓа фирма, сега ги подготвува документите за да ја продолжи битката против „Гугл“ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур



Беџет Муслија, познат како Бени, од скопската населба Чаир докажа дека светот е глобално село кога светски најпознатиот интернет-пребарувач „Гугл“ покрена судски спор против него оти наводно ја „фалсификувал“ нивната интернет-страница.

Бени е креатор на интернет-страницата www.google.com.mk, која уредно ја регистрирал во Македонија. Светски познатата компанија регистрирана во САД веднаш реагирала и ангажирала адвокат во Скопје тврдејќи дека станува збор за кражба на интелектуалната сопственост. Бени, иако во кривична постапка е казнет со 1.000 евра поради употреба на името на туѓа фирма, сега ги подготвува документите за да ја продолжи битката против „Гугл“ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На нашата репортерска екипа не и' беше тешко да го пронајде Бени бидејќи тој се' уште се занимава со бизнисот на креирање и регистрирање интернет-страници.Тој се согласи да зборува за пресудата бидејќи се' уште верува дека е неправедно осуден.

- Станува збор за домен или адреса на интернет за која важи правилото кој прв ќе ја регистрира тој е сопственик. Идејата на почетокот ми беше сосема поинаква бидејќи во светот постојат брокерски куќи што тргуваат со домени. Веќе постојат и познати македонски имиња што се регистрирани како домени. За да станете сопственик на една од нив, треба да платите - вели Бени.

Од друга страна, адвокатот Валентин Пепељугоски, кој го застапувал „Гугл“, тврди дека во случајот има повреда на познатиот бренд, кој содржи заштитена трговска марка. Неофицијално, Бени сакал да му го продаде доменот на „Гугл“ за околу 50.000 евра.

- Обвинетиот при регистрацијата го користел брендот „Гугл“, која е светска позната фирма на веб-страниците, со цел да ги измами корисниците. Луѓето што сакаат преку ноќ да се збогатат не читаат дека во меѓувреме се менуваат прописите и се заоструваат санкциите за ваквите кривични дела. Оваа област е подложна на промени и сите нови конвенции се задолжителни за Македонија - вели Пепељуговски.

Бени, пак, тврди дека работел легално и оти уште во 2004 година добил лиценца од „МАРНет“ да го регистрира доменот www.google.com.mk. „МАРНет“ е македонскиот регистратор на поддомени, го води мрежниот информационен центар и е сопственик на врвниот домен за Македонија, доменот „мк“.

Во рамките на тој домен, „МАРНет“ може да регистрира поддомени на соодветни организации и установи.

- Ги почитувавме сите права, односно немаше нарушување на индустриската сопственост, плаќавме даноци и се' беше законски. Одеднаш испаднавме виновни. Нашиот сајт беше целосно одделен од „Гугл“. Ние не користевме жиг ниту пак ги користевме нивните услуги и бази на податоци за пребарување. Платформата не беше на „Гугл“ туку наша, а земено беше само името - објаснува чаирчанецот.Тој вели дека постојат многу такви сајтови во другите земји и легално се користат.

- Оштетени сме за неколку илјади евра бидејќи процесот над четири години се влечка по судовите. Ќе го повратам доменот преку процедурата во Стразбур. Веќе се консултиравме со странски адвокати кои ни потврдија дека станува збор за неправда - посочи Бени. Тој е револтиран што во судскиот процес не било дозволено вештачење на сајтот.

- Бизнис-софтвер алијансата, која е правен застапник на „Гугл“, писмено не' извести дека треба да го предадеме доменот оти не ни припаѓал нам. Од друга страна, самиот Пепељуговски има напишано во својата книга дека домените не спаѓаат во казниви дела за кражба на интелектуална сопственост - обвинува Бени.

Но, адвокатот Пепељугоски на тоа одговара дека ова правило не важи кога се работи за веќе пробиено и познато име. Тој е категоричен дека станува збор за кражба на интелектуална сопственост и употреба на туѓа фирма која има светско реноме.

(Крај)


(Истражувањето е финансирано од данската Асоцијација за истражувачко новинарство)


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт