прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
понеделник, 15 јуни 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Отворена

Едиторијал

Научни тез(г)и

Молчењето секогаш злато не вреди. Особено не во време кога ви го негираат идентитетот, земјата, предците, историјата. Ударот е стопати посилен кога овие ставови во највлијателните светски кругови ги наметнуваат научници од познати светски универзитети. Провокативното писмо насловено „Псевдомакедонизмот на БЈРМ“ веќе еден месец е во кабинетот на американскиот претседател Барака Обама. Зад научните тез(г)и потенцирани во документот застанаа 200 видни научници, претежно археолози и професори по класични студии од цел свет. За жал, потпишувајќи го писмото, тие не ги поддржаа само научните ставови на Стивен Г. Милер, почесен професор на Универзитетот „Беркли“ и автор на писмото. Тие застанаа и зад неговите опасни политички решенија, кои тој ги нуди како меч за Гордиевиот јазол на Балканот. На пример, Грција да не' анектира ако толку многу сакаме да се нарекуваме Македонци?!

За возврат (или по правило) нашите научници се' уште ништо не преземале. Ниту пратија некакво писмо до кабинетот на еден од најмоќните светски политичари, ниту побараа поддршка од своите пријатели во светските универзитети. Ноншалантно, сметаат дека науката воопшто не е засегната, тргнувајќи од ставот дека историјата е егзактна наука. Тоа што се случило во минатото не може да се смени, без разлика што видни светски научници ја фризираат историјата на Грција. Сите се единствени во ставот дека потписите се купени. Може ли да се купат 200 научници, кои благодарение на својата работа стигнале до Кембриџ, Оксфорд, Беркли, Колумбија? Можеби не сите. Но, меѓу нив ќе најдете многу кои доброволно го потпишале писмото. Едноставно - тие се пријатели на Грција. Таму работеле цел живот, таму ги изградиле своите кариери. Македонија треба да почне да гради вакви пријателства. И така оваа земја лежи на повеќе од 5.000 археолошки локалитети. Тоа е добар начин да им „помогнеме“ на странските научници да ги разбијат заблудите во поглед на нашето огромно античко наследство, кое ќе го видат со свои очи, ќе го допрат со свои прсти.

Од провокативното писмо зготвено во античките садови на грчките лобисти најзасегнати беа македонските иселеници од САД и од Канада. Тие веднаш испратија писмо до Обама и одговорија на засилената пропаганда на грчката дијаспора. Кај нас археолозите продолжија да истражуваат, историчарите да промовираат, академиците да одбележуваат дијамантска прослава на 60 години од матура. Како да постоиме само сами за себе.Македонската академија на науките и уметностите најде време да формира „тело“, кое ќе ја разгледува ситуацијата и ќе реши дали и како ќе реагира. Се надеваме дека Обама ќе биде уште претседател кога во неговиот кабинет ќе стигне реакцијата од МАНУ.

Весна Ивановска


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт