прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
четврток, 31 јануари 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

на саемот во „Матица македонска“

Неколку илјади книги продадени за десетина дена

Романи, раскази, монографии, историски дела, книги за деца беа меѓу најбараните дела на саемот „Книга во секој дом“, што во минатите денови во својот продажен салон и во книжарници низ целата земја го организираше книгоиздателството „Матица македонска“. Саемот ќе биде затворен денеска, а како што велат од издавачката куќа, го посетиле студенти, уметници, професори, туристи, бизнисмени, спортисти, политичари, дипломати. Најпопуларна книга била „Скриена Македонија“ од американскиот патописец Кристофер Делисо, чиј тираж од 1.000 примероци бил распродаден за три дена, а голем бил интересот и за „Петтото дете“, роман на нобеловката Дорис Лесинг и за бестселерот „Јади, моли се, уживај“ од британската авторка Елизабет Гилберт.

- Саемот е успех за сите македонски издавачи и за целата македонска литературна сцена. Тоа што го постигнавме е резултат од повеќегодишните напори што сите ние како книгоиздателства ги вложуваме за повторно да ги зближиме читателот и книгата. Луѓето во оваа земја сакаат да читаат, но проблемите со кои општеството ни се соочува со години наназад ги оттргнаа читателите од книгите. Со Саемот конечно на површина се покажа дека книгата никогаш не била заборавена и дека секогаш постоел интерес за пишаниот збор. Среќни сме што книгите си најдоа свои читатели во сите градови од земјава. За делата се интересираше претежно млада публика, а тоа не' радува и ни кажува дека книгите во следните години нема да останат само како листови хартија, туку ќе бидат долго консумирани како духовна храна - вели Дејан Павлевски, главен уредник во „Матица македонска“.

Од книгоиздателството најавуваат дека во следниот период ќе почнат повеќе активности за презентација на македонската литература и во балканските и европските културни центри.

 (Т.О.)


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт