Монографијата „Скриена Македонија“ објавена на англиски јазик
Монографијата на англиски јазик „Скриена Македонија“ од познатиот американски патописец Кристофер Делисо е во продажбениот салон на книгоиздателството „Матица македонска“.
Книгата пред неколку месеци беше промовирана во Лондон, а во неа се опишани природните и културни богатства на нашата земја. Авторот и новинар Делисо ја објави монографијата по неколкугодишен престој на Балканот и во Македонија, од каде што известуваше за актуелните политички, општествени и културни состојби. |