прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
среда, 16 мај 2007    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија

Локалните радија бараат враќање во јавниот сервис

Процесот на трансформација на јавните локални радиостаници да се сопре, а овие информативни куќи да бидат повторно дел од јавниот сервис, побараа 29-те радиодифузери вчера на прес-конференција во Велес.

- На продажба се понудени првите седум локални јавни радиостаници, но кој ќе ги купи и за тие малку пари, кога новиот сопственик ќе наследи милионски суми долгови. Затоа треба Законот за радиодифузијата од 2005 година да се промени, за што до Владата имаме поднесено неколку амандмани - изјави Јованка Дојранлиева, претседателка на Здружението на јавните локални радија.

Со јавниот оглас дел од локалните радија се продаваат од 300 до 5.000 евра, со тоа што долговите за неисплатени плати, придонеси, сметки за струја, телефон и вода стигнуваат и до 5 милиони денари.

Директорот на Радио Штип, Трајче Јованов посочи дека продажбата е во спротивност со Законот за трансформацијата на општествен капитал, на кој се повикува овој тендер. Јавните локални радиодифузери потсетуваат дека 17 од нив се единствен извор на информирање во исто толку општини и дека со оваа трансформација ниту едно радио нема да се продаде, а 260 вработени ќе останат на улица.

 (П.П.)


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт