прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
сабота, 14 февруари 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија

скандалозен упад во независноста на медиумите

Владата ги „ажурира“ новинарите

Досега не се случило некоја институција да побара список на сите новинари на „Дневник“ (со телефонски броеви), како што тоа вчера го направи Владата

Да испратите до Владата список со сите новинари на „Дневник“. Со вакво скандалозно барање вчера, околу 15 часот, во нашата редакција во повеќе наврати се јавија неколку службенички од Владата. Тие не знаеја да објаснат зошто нивните претпоставени бараат список на нашите новинари. На нашиот предлог да испратат официјално барање потпишано од надлежно лице, тие прво одговорија дека тоа не е можно, бидејќи списокот е потребен многу итно.

Со цел да дознаеме зошто на Владата и' е потребен список на новинарите од „Дневник“, се јавивме кај владиниот портпарол Шефик Дураку. Еве како течеше разговорот:

„Дневник“: Владата барала список на новинарите од „Дневник“. Ќе ви испратиме, но освен имиња, кои други податоци ги барате? Телефон, матичен број...

Дураку: Не мора матичен број. Да се напише во која рубрика е новинарот и неговиот мобилен телефон.

„Дневник“: А за што ви е потребен таков список?

Дураку: Не знам. Мартин Протоѓер го бараше. Мислам дека му треба за некакви брифинзи.

„Дневник“: Зарем за тоа е потребен список на сите новинари?

Дураку: Да, ама мислам дека е најважно да бидат наведени сите новинари од политичката и економската рубрика.

„Дневник“: А новинарите од спортската рубрика?

Дураку: Не, тие не ни требаат.

„Дневник“: До кога да ви го испратиме списокот?

Дураку: Па, најдоцна за половина час. Многу е итно.

Откако го пробивме „рокот“ за испраќање на списокот, владините службенички повторно се јавија со истото барање, а поради итноста, на крајот барањето го испратија и во електронска форма. Во него се вели: „Почитувани, во рамките на редовното ажурирање на списоците на новинари вработени во печатените и електронските медиуми, Ве молиме, да ни доставите список со име и презиме на новинари кои се вработени во вашиот дневен весник. Благодариме на соработката“.

Потоа телефонски ни беше соопштено дека сите медиуми испратиле податоци, се чекало само на „Дневник“ за да се комплетира списокот.Досега не се случило некоја институција на ваков начин да бара податоци за вработените во „Дневник“. Нашите новинари не се тајни или изолирани од јавноста за да мора некој, а најмалку Владата, да ги „ажурира“ на ваков начин. Патем, за тоа кој новинар ќе оди на брифинг не решава Владата, туку уредничкиот колегиум. Колку за потсетување, редакцијата „Дневник“ секој ден објавува импресум во кој се наведени имињата на уредниците и редакциските телефони.

 (Р.Д.)


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт