Датум:
28.12.2008, 18:41 Скопскиот стадион ќе се вика „Арена Филип Македонски“
Градскиот стадион во Скопје бил преименуван во „Арена Филип Втори“, истото име го добил и карго-аеродромот што треба да се гради кај Штип, а автопатот Табановце-Гевгелија ќе се вика Александар Македонски. Одлуките за именувањата со херои на античка Македонија ги донесле надлежните јавни претпријатија уште во јули, во времето на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Владата вчера ни ја потврдија информацијата: - Тоа е одлука од пред шест месеци, пред да се формира новата влада - ни изјави висок владин службеник, кој додаде дека очекува Градскиот стадион во Скопје да биде целосно реконструиран во 2011 година, а карго-аеродромот да се изгради до крајот на 2012 година. # |