прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
вторник, 05 февруари 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

НЕЛЕГАЛНА ТРГОВИЈА СО КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО

Наши антиквитети во витрини во Америка

Купувачи има секаде, кај нас, во странство - по правило, тоа се богати луѓе што не штедат пари за да го добијат посакуваниот предмет, стар со векови

Антиквитети, диво ископани од почвата на Република Македонија, најчесто завршуваат на црните пазари во западните земји. Причината е едноставна. Таму се добива најдобра цена. Атрактивните предмети често успеваат и да го „препливаат“ Океанот. Но, за да тргнат кон Америка, мора да бидат целосно легални. „Пасошот“ на секој предмет поединечно се фалсификувал токму на Запад. Нелегалната купопродажба на културни богатства најчесто е организирана до најситниот детаљ. Понекогаш некоја алка од синџирот на организираниот криминал ќе попушти, па полицијата ќе заплени некој предмет или колекција со кои нелегално се тргува. Купувачи има секаде - кај нас, во странство. По правило, тоа се богати луѓе што не штедат пари за да го добијат посакуваниот предмет, стар со векови. Но, во секоја игра постојат строги правила.

- Сите интересни предмети завршуваат на западните пазари. И тука може да се најдат, но нивната цена е многу помала. Антикварите во Скопје продаваат, препродаваат од еден на друг, но тука не може да постигнат добра цена. Последната цена е на западниот пазар - објаснува Илчо Бојчевски, инспектор за превентивна заштита во Управата за заштита на културното наследство.

Според него, на Запад има два типа аукцирање предмети со висока археолошка и историска вредност. Еден од начините е преку легални аукциски куќи што ги прибираат предметите. Одвреме-навреме објавуваат аукции на кои доаѓаат богатите и ги купуваат артефактите. Бојчевски вели дека денес постојат многу такви куќи. Само во Швајцарија имало десетина, а ги има и во Германија и во Австрија. Аукции се организираат и на интернет.

- Поатрактивните предмети, кои се многу ретки и чинат многу пари, се „легализираат“ преку фантомски фирми. Се прават лажни документи дека предметот е пронајден на некоја локација или е наследство од дедо или од баба. Потоа се регистрира, нотарски се заверува. Така се „белат“ предметите, се фалсификува идентитетот на предметот. Избелени, предметите некогаш одат и преку Океанот. Ги купува богат колекционер, американска аукциска куќа или некој музеј зашто предметот има легални документи. Но, за да поминат преку Океанот, артефактите секогаш мора да бидат буквално чисти - вели Бојчевски.

Но, на западните пазари, неколку скалила под аукциските куќи, постојат антиквари што меѓу себе го купуваат и продаваат материјалот и заработуваат нешто минимално. Шетајќи, предметот стигнува до аукциска куќа. Но, првиот човек не може веднаш да стигне дотаму зашто аукциската куќа соработува само со неколку агенти во кои има доверба и од кои зема предмети.

- Едноставно, не можете да стигнете до агенцијата и таму директно да однесете предмет. Прво треба да го најдете агентот, на кого ќе му го дадете предметот, да речеме за 5.000 евра. Тој ќе го даде на аукциската куќа за 7.000 евра. Во меѓувреме уште некој ќе заработи нешто - вели Бојчевски.Извори за „Дневник“ тврдат дека на тој начин и кај нас се купуваат и се продаваат антиквитети. За да купи нешто Трифун Костовски, Ристо Гуштеров или некој друг колекционер, тоа не може да се случи туку-така. На прашањето како Македонија да се справи со овој проблем, со оглед на тоа што во Законот за заштитата на културното наследство не е докрај третирано колекционерството, од Управата за заштита велат:

- Дел од правните празнини се пополнети со Законот. Останатото ќе се решава со подзаконски акти и со правилници.

Инспектори од Управата деновиве работат на донесување правилник за контрола на трговија со движни културни богатства и на правилник за водење на евиденциите со кои треба да се обврзат трговците. Според Бојчевски, ова требало многу порано да се направи, но имало законски пречки. Подзаконските акти, смета тој, ќе пополнат околу 90 отсто од правната празнина што постоеше досега. Контролата на правилниците ќе ја спроведува инспекцијата на Управата.

- Секој ден ќе праќаме инспекција на терен. Или трговците ќе кренат раце од оваа работа или ќе бидат казнети. Оваа борба е долга и тешка. Со години се бориме. Прво требаше да се среди целото законодавство. Второ, постојат олигарси што прават опструкции на секој чекор. Но, најголемите колекционери во секоја земја се најбогатите луѓе. Во Италија, најголем колекционер е Силвио Берлускони, кој беше претседател на влада. Кој ќе влезе да провери што има во неговата колекција?! - вели Бојчевски.

Весна Ивановска


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт