прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
понеделник, 17 март 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Економија

ЗАВРШНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ЛЕТНАТА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА

Хотелиерите се крстат во поевтини чартер-летови

Ако ситуацијата на Балканот остане мирна, очекуваме оваа сезона да биде подобра од ланската, вели Дончо Таневски, претседател на хотелската асоцијација

Хотелиерите бараат Владата да ги ослободи од дел од трошоците за чартер-летовите во екот на туристичката сезона за да ги намалат цените на аранжманите за странските гости. Тие пресметале дека ако добијат повластувања за чартер- летовите, ќе може на странските туристи да им понудат тридневни пакет-аранжмани по цена од 99 евраСпоред Дончо Таневски, претседател на хотелската асоцијација ХОТАМ, првата група странски гости се очекуваат во хотелите на охридското крајбрежје од 15 април во пролетната претсезона. Од 15 јуни тие го очекува првиот бран гости на годишен одмор. Во почетокот на мај на охридскиот аеродром треба да слета првиот чартер-авион од Холандија, кој треба да донесе 100 гости. Предвидено овој лет да функционира секоја недела до септември.

- Не се потребни многу пари за субвенцијата. Во зделката може да се вклучи и домашниот авиопревозник МАТ. Аранжманите не би чинеле повеќе од 99 евра. Со тоа ќе привлечеме повеќе странските туристи. Ако ова успее, ќе се отворат чартер-линии и од Шведска и од Данска. Со хрватски партнери, кои имаат добри врски во Германија, разговараме за нова чартер-линија од Дизелдорф до Охрид - вели Таневски.Од Владата нема конкретен одговор за барањата на хотелиерите. Оттаму истакнуваат дека преку агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе ја помогнат туристичката дејност.

- Агенцијата ќе одговара за својата работа директно пред Владата и пред премиерот. Сметаме дека со овој институционален облик ќе успееме да придонесеме за развој и за промоција на туризмот - изјавија во Владата.Хотелиерите и туристичките работници сега се подготвуваат да се претстават на саемот за туризам во Москва, кој почнува утре. Тие на саемските штандови ќе понудат седумдневни аранжмани со вклучен авионски превоз по цена од 199 до 349 евра за сместување во хотел со пет ѕвездички.

- Ако ситуацијата на Балканот остане мирна, очекуваме оваа туристичка сезона да биде подобра од ланската. Со странските партнери уште од лани имаме договорено гости во организирани групи од западна Европа, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија. Имаме најава за голем број туристи и од Србија во текот на годишните одмори од 15 јуни до 15 август. Очекуваме многу гости и од Албанија и Бугарија - вели Таневски.Резервираните аранжмани главно се за групи од 30 до 40 луѓе. Главна дестинација ќе им бидат хотелите и приватните сместувања на охридското крајбрежје. Во соработка со туристичките работници од соседните земји ќе се организираат заеднички тури, кои ќе вклучуваат посета на знаменитости во неколку држави. Гостите ќе престојуваат по неколку дена во секоја земја и ќе посетуваат споменици, манастирски комплекси, историски локации и туристички атракции за да го запознаат подобро целиот регион.

Марјан Блажевски

 

 


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт