прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
четврток, 13 ноември 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Отворена

Писма

Во името на мајката, ќерката и правото на абортус

(Повод: Беседата против абортусот на митрополитот брегалнички г. Иларион)

Во својата мизогина беседа, која се впишува во долгата патријархална традиција на вакви текстови, која со сите можни средства се обидува да ја прикаже жената како монструозна, г. Иларион пишува за „жената-чедоубиец“ која го „убива своето дете“ бидејќи „повеќе го засакала својот себичен удобен живот исполнет со комфор, сладострастие, блуд и разврат“, и го поставува прашањето зошто родителите „порадо не се откажат од скапата облека, луксузниот стан, од луксузниот автомобил и компјутер или од своето патување на годишен одмор на кој трошат огромни парични средства“. Во кој свет или царство живее митрополитот и за чиј живот зборува тој? Знае ли г. Иларион дека најголемиот број жени и родители што денес во Македонија се одлучуваат на абортус тоа го прават токму поради немањето основни средства за живот? Знае ли тој дека токму поради актуелниот живот во Македонија, исполнет со крајна беда, невработеност и безизлез, „белата чума“ и' се заканува на земјата и жените не раѓаат веќе деца?

Абортусот тој го нарекува „ладнокрвно убиство на нероденото дете“ и „убиство од најтежок вид“, иако знаеме дека од медицинско-правна точка станува збор за ембрион или фетус, кој е се' уште далеку од ефективно човечко битие. А ако љубовта на митрополитот кон децата е толку голема, вистинска и чиста, зошто тој, наместо да се грижи за неродените, не се погрижи за многубројните веќе родени, кутри и злоупотребувани деца, кои секојдневно ги гледаме на улиците како просат, голи и боси?

Она што митрополитот не го спомнува кога пишува за абортусот како чедоубиство - спротивставувајќи го на светиот чин на раѓањето, а кое мајката го знае, е дека впрочем самиот чин на дарување живот е чин на дарување смрт. Мајката, раѓајќи го своето дете и дарувајќи му живот, е онаа што истовремено му дарува смрт/смртност. Раѓањето всушност во себе секогаш веќе го содржи чедоубиството. Како што вели Поцо во Бекетовата пиеса „Чекајќи го Годо“ (која веројатно исто така ќе се најде на листата со книги за на клада на митрополитот): „Жените нас не' раѓаат расчеречени над гроб“.

Во својата реакционерна беседа против абортусот и оние што го применуваат, г. Иларион ги нарекува болниците „логори на смртта“. Се прашувам, каде беше митрополитот да пишува беседи кога на овие простори имаше вистински логори на смртта за екстерминација на „неверниците“, подигнати и во име на православната христијанска религија?

Стапката на смртност кај жените драстично е зголемена токму во земјите во кои абортусот е незаконски, како последица од илегални абортуси во несоодветни услови. Според Светската здравствена организација 78.000 жени во светот умираат секоја година поради небезбеден абортус. Во таа смисла, односно во смисла на општото здравје, правото на абортус е прашање од јавен интерес. Освен тоа, правото на жените да одлучуваат за тоа дали ќе станат мајки или не, да располагаат со своето тело и со својата слобода, се тешко стекнати придобивки на современото демократско општество, кои сме принудени постојано и одново да ги браниме.

Заканите против правото на абортус се закана за женските права воопшто. Дали следната беседа ќе биде против правото на глас на жените? Женските права во времето на враќањето на регресивниот обскурантизам се особено кревки. Правото на абортус е основно женско човеково право и тоа не смее да се стави под прашалник. За жал, во вакви реакционерни времиња се потсетуваме дека за жените, особено за оние најсиромашните и најзагрозените, никогаш ниту едно право не е загарантирано.

И за на крај, за да го избришам вкусот на грозоморието кој ми остана од опасната и застрашувачка (во смисла на прафашизмот за којшто зборува и Умберто Еко) беседа на митрополитот, би сакала едноставно да го привикам споменот на бескрајно човечкиот филм „Вера Дрејк“ од британскиот режисер Мајк Ли, кој што веројатно не влегува во збирката на „омилени филмови“ на митрополитот.

Деспина Ангеловска


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт