Нема веќе ќумбиња во деветтолетките во Бутел
Основното училиште „Лиман Каба“ во селото Љуботен доби парно греење. Тоа е последното училиште на територијата на општината Бутел кое до минатата грејна сезона се затоплуваше со ќумбе на дрва.
Од Општина Бутел информираат дека ја подготвиле просторијата за парното греење според сите противпожарни стандарди. Инсталирани се два парни котли кои ќе работат на течен енергенс и на електрична енергија, а во сите училници и други простории се наместени радијатори. Поставен е и специјален оџак од ростфрај.
Парното греење, Општина Бутел го постави во соработка со организацијата УСАИД-ПЕП, а проектот чинеше околу 1, 7 милион денари.На почетокот на грејната сезона ќе бидат бојадисани и сите училници, а потоа свечено ќе биде пуштен во употреба новиот систем за греење. |