прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
петок, 19 февруари 2010    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Актуелно

Бракот како финта за трговија со деца

Љубовта меѓу малолетната девојка од Македонија и осум години постаро момче и неговиот предлог да се земат и да заминат во странство се претвориле во пекол за неа. Наместо во мирен брачен живот, таа завршила во кафеана во соседна држава, каде што сексуално била злоупотребувана од голем број клиенти. Дури по неколку години била најдена во полициска рација и вратена во Македонија. Слична судбина доживеале и многу други малолетнички. Трговците со жени и со деца во Македонија изворот на својата голема заработувачка се' почесто го наоѓаат во препродавањето македонски државјанки, најчесто малолетни. Цената зависи од возраста и се движи од 1.000 до 3.000 евра.

Од земја на транзит и дестинација на деца-жртви на трговија со луѓе, Македонија последниве години се претвори во земја од која се „извезуваат“ деца, кои во странски држави се злоупотребуваат сексуално и работно. Старосната граница на децата со кои се тргува е меѓу 14 и 17,5 години. Ги има од сите, но најчести жртви се од ромска и албанска националност. Овие податоци вчера ги изнесе Санде Китанов, началник на секторот за трговија со луѓе при одделот за организиран криминал во МВР и заменик-национален координатор на меѓуресорската Комисија за спречување трговија со луѓе на презентацијата на извештаите што ги подготви хуманитарната швајцарска организација Terre des hommes во соработка со невладината организација „Отворена порта“.

- Алармантно се зголемува бројот на малолетните жртви на трговија со луѓе. Само последниве две години, поднесени се 16 кривични пријави против 43 сторители за трговија со 19 малолетници, од кои само двајца биле странски државјани. Тие биле работно и сексуално злоупотребувани - рече Китанов.

Начинот на регрутирање е класика - лажни ветувања и измами, а како мамки најчесто се користат однапред договорените бракови.

- Ова е особено присутно кај ромската популација. Договорените бракови и невести по нарачка се стари обичаи на продавање на женските деца. Тие откако ќе бидат однесени најчесто во Италија, Франција и во Германија, се експлоатираат сексуално и работно. Нарачателите ги носат со лажни пасоши и визи, а кога ќе стасаат им ги одземаат патните исправи - рече Китанов.

Профилот на децата-жртви е идентичен како кај полнолетните - потекнуваат од сиромашни, необразовани и многудетни семејства.

Тој рече дека голем проблем е и злоупотребата на децата за питање.

- Спроведуваме истраги за откривање на организирани групи кои ги злоупотребуваат децата за оваа цел. Повеќето деца кои во Македонија се злоупотребуваат за питачење се македонски државјани - вели Китанов.

Terre des hommes извршила мониторинг во Македонија, Албанија и во Косово. Земјава доби позитивна оценка за регулатива, откако во Кривичниот законик е внесено посебно дело „трговија со малелетни лица“ со минимална казна од 8 години затвор. Со измените во Законот за кривичната постапка, кој наскоро влегува во меѓуресорско разгледување, ќе се зголеми заштитата на правата на децата-жртви и тие веќе нема да мора четири пати да сведочат и одоново да ја преживуваат траумата.  (Н.Н.С.)

#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт