прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
сабота, 19 април 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

УТРЕ ЗАВРШУВА САЕМОТ НА КНИГАТА

Посетеноста под очекувањата

Шаренило од странска преводна литература и само дваесетина нови домашни дела беа главните адути за привлекување посетители на Саемот на книгата, што ќе биде затворен утревечер во 18 часот. Издавачите велат дека посетеноста била под очекувањата, но тријат раце од заработката од продадени книги. Учесниците и посетителите се согласуваат дека Саемот годинава повеќе прилега на трговска, отколку на културна манифестација. Саемот на книгата е во криза во последните две-три години, се сведува на продажна манифестација. Тој не треба да е само место на кое ќе се продаваат книги, туку место на кое ќе се промовира творештвото, ќе се зголемува бројот на читателите, како и место каде што ќе се промовираат нови тенденции во литературата - вели Владимир Јанковски од „Темплум“.Од „Макавеј“ велат дека Саемот ја изгубил својата културна димензија зашто издавачите не се доволно организирани. Здружението на издавачи постои и треба да се грижи да и' даде посебна содржина на манифестацијата, но тоа не работи како што треба. Неопходен е поголем дијалог меѓу читателите и авторите, а издавачите тоа треба да го овозможат. Така чинот на нудење на книгата, освен економски ќе има и културен белег во себе - вели Владимир Цветковски од „Макавеј“.Дела од странски автори се меѓу најбараните годинава. На штандот на „Култура“ најбарани се „Терорист“ од Џон Апдајк и „Роб“ од Нора Робертс. Во „Матица македонска“ најпопуларна е „Скриена Македонија“ од Кристофер Делисо. На штандот на АЕА, меѓу најинтересните автори за читателите сепак е домашниот писател Божин Павловски, со својот нов роман „Се викам Хај Гудбај“ кој вчера беше промовиран.

Дневникот на Мисирков - најдобро саемско издание

Книгата „Дневник“ од Крсте Петков Мисирков, Здружението на издавачи ја прогласи за најдобро издание меѓу два саема. Издавач на обемниот дневник на Мисирков е Архивот на Македонија. Второ место за најдобро издание доби книгоиздателството „Магор“ за книгата „Хераклеја“ од Иван Микулчиќ, а трето место освои издавачот „Тера магика“ за книгата „Најденко Попоски, живот и дело“.Годинава Здружението првпат додели и признание за најстар жив писател во Македонија, а го доби авторот и публицист Јован Поповски.

(Т.О.)
Фото: Слободан Ѓуриќ


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт