прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
вторник, 03 март 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Скопје

Граѓани од Хром против изградба на зграда

Жителите велат дека новиот објект ќе предизвика проблеми со паркирањето, канализацијата и со електричниот напон, а од Општина Ѓорче Петров уверуваат дека нема ништо спорно


Граѓаните се сомневаат дека објектот што се гради ќе има приземје, два ката и поткровје

Граѓани од населбата Хром се противат на изградбата на зграда на нивната улица. Велат дека новиот објект на улицата Панко Брашнаров се гради бесправно и надвор од стандардите, па затоа повеле и постапка. Надлежните во Општина Ѓорче Петров сметаат дека во целата ситуација нема ништо спорно. Уверуваат дека целата работа се одвива според законската регулатива и дека со ништо не е нарушен Детаљниот урбанистички план (ДУП), донесен во 2000 година.Подготовките за градба почнале во јули минатата година кога била урната куќата на чие место треба да биде изграден објектот. Но по жалбата на граѓаните, работите биле запрени.

- Кога почнаа со градежните активности, ние се жалевме, па целата работа беше стопирана. Сега повторно се копа. Знаеме дека е издадена дозвола за индивидуална станбена зграда, но од ископаното може да се види дека станува збор за голем објект - раскажуваат соседите на објектот. Според незадоволните граѓани, самиот инвеститор им рекол дека објектот ќе има приземје, два ката и поткровје, со дванаесет стана.

- Оваа инфраструктура што ја имаме е недоволна за нас, а камоли за уште 12 семејства. Ќе немаме ни струја, ни вода ни паркинг. Мислиме и дека при копањето не е запазено потребното растојание од три метри од меѓата до најистакнатиот дел од објектот. Целиот шут од ископот се исфрла на улица - ни вели еден од жителите.

Граѓаните се жалат и на односот на градоначалникот на последниот состанок со нив. Сметаат дека во Општината не ги разбираат и дека немаат чувство за нивните проблеми. Од Општината потврдуваат дека објектот ќе биде со приземје, два ката и поткровје, со 12 стана.

- Техничката документација за градба на објект на улицата Панко Брашнаров бр. 6 од страна на Општина Ѓорче Петров е издадена во согласност со законите и со ДУП. Во текот на управната постапка, жалителите се повеќе пати примани од страна на стручните служби, имаа непречен пристап до документацијата за предметот и за сите постапки писмено се известувани. Врз основа на тие писмени известувања, граѓаните поднеле жалби во управната постапка. Жалителите се соседи од кои, согласно со законот, не е потребна согласност. Жалбите и предметот беа проследени до второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски, како и до Државниот градежен инспекторат. Второстепената комисија го потврди решението за градба, па издадено е и одобрение за градба, кое е правосилно - велат од Општина Ѓорче Петров. Според нив, објектот нема да ја наруши комуналната мрежа во тој дел од општината. Нема да има никаков проблем, ниту со канализациската, ни со електричната мрежа. Што се однесува до паркирањето, проектот вклучува и подземен паркинг - велат од Општината. Димитар Трпески

СТАВ
Прекрстување од ракав

Општината Кисела Вода почна да ги менува имињата на 14 урбани заедници. Засега само Драчево е прекрстено, но ќе дојдат на ред сите. Зарем е можно преку ноќ да се поведе ваква постапка? Наеднаш жителите на сите заедници сакаат да ги прекрстат нивните имиња, а општинските власти станале толку великодушни што одеднаш ги ислушале иницијативите на своите жители. Во ред е да им се оддаде почит на заслужни граѓани. Но, во ред е и да се почитува законската процедура, иако општинските власти велат дека ја спровеле. Да се даде некому име макар и на уличка, процедурата мора да мине низ повеќе филтри.

 За жал, тоа оди некако брзо, со кревање два прста на Советот на Општината и додека си трепнал, Припор ќе добие име на анонимен фудбалер.Постои опасност некомпетентни да мерат кој повеќе заслужил да влезе во личните документи на граѓаните, а промената на имињата на јавните установи, населбите и улиците да се случува во зависност од партиското мнозинство во советите на општините.

Анела Петрова
Фото Чедомир Ненковиќ


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт